И јас имам 3 шпихозни на George, многу убав памук се. Не се од Тiny baby, туку од една страна на фб ги нарачав, Брендирана облека Лондон нешто така мислам дека се викаше, побарај ја. Само тие што јас ги нарачав се малку потенок памук, како за пролет, мислам дека имаат и подебел и уште потенок. @MilaSs12 на инста на dreamland.mk има таква рамка.
Мајки предложете ми перниче за бебулето незнам кај да најдам овие дома што ги имаме не се мн практични едното е старо а другото од џамбо го купив за резерва ама не ми се свиѓа..гледав едни мемори во локо кроко ама незнам да не купувам за џабе за 0м се а моево 4м е.. help
Само информативно на тие што им требаат,,, во сара фешн имате бебешки чорапчиња 3 пара за 119ден ептен слатки؛
мојот ги прерипува и најголемите тврди перници од гарнитурата, еден ЦЕЛ ден им треба да ги совладаат,па и јас не ти препорачувам така. Јас веќе ја кренав скроз и страницата на креветчето, цело време се исправа па веќе страв ми беше да не се преврти. Туку имам проблем со заспивањето навечер, се исправа по 36 875 пати на креветче и исто толку пати го враќам назад, па почнува да си пее, па си кажува тата, деде, тита и сл (мама никако) како не се уморува не ми е јасно се му е поинтересно од заспивање. Од 9 до минимум 10 трае тоа па на крај со лутење се успиваме некако. Кај вас како е ? Што да го учам овој период? ги знае 10тина поомилени играчки кои се да ги земе, ми ги дава на дај, покажува со прст на прашања каде е сатот,патка и сл, тапшин тапшин два пати со негови рачиња,после со моите ги држи и прави, чао не прави уште. муабетов излезе повеќе за 6-12 ако треба нека ме преместат
Дали некоја членка има нарачано од новата колекција на babyshopmk и дали се подебелки новите модели, поконкретно шпикозните? Не можам да проценам баш по сликите, скоро сите ми изгледаат тенки, а ми требаат за есен -зима. Благодарам.
Дали знаете каде можам да најдам бодиња без ракавчиња за новороденчиња со преклоп и копченца од страна? Барав во ваикики, но такви има само по долги и по кратки, а јас сакам без ракави да земам. Благодарам.
Не сум видела никаде такви. Бодињата без ракави или немаат копчиња или имаат копчиња кај рамењата за да се облече кај главчето полесно.
Јас, брзо ми стигнаа, некои од моделите се од PatPat. Не знам што подразбираш под тенки/дебели ама според мене се доволно топли за период есен/зима.
сте виделе ли некаде едноделни пижамчиња (шпикозни? не ги знам терминиве баш ) за новороденчиња или 0-3м на патент од ноџе до врат или сè што се продава во македонијава е на копчиња? барам нешто налик овие: