Памперс премиум кер 1, каде да најдам? 5 аптеки има во мојот град и никаде нема со 20 пакувања, најмалото е 54 во пакување. И во маркетите нема премиум кер. За во болница 54ка ли да носам, а рефус не ми е хигиенски. Барем со 20че за во болница, а дома може поголемо пакување да земам
Јас не сум сретнала со 20,сум земала по 54 или 56 како беа во пакет. Земи си на бејби лов ако имаш дм, мали се паковања. Или земи за болница други пелени дома префрли се на Памперс ако инсистираш на нив.
Не сакав да ги мешам. Со едни ако почнев со тие да продолжам. Нема ДМ во мојто село, ни во блискиот град до нас. А имаше со 20 пакување, знам зошто пред 15 месеци за внука ми земав за во болница, такви носеше сестра ми, за во Чаир ова. Потоа за дома имаше купено поголемо пакување. Ништо, ќе бара таа низ Скопје, тука ништо нема А ако се пораѓам во приватна болница не ми ни требаат, за таму нели? Ама за секој случај, да не излезе итна работава, па да трчаме тогаш, затоа сакав да бидам спремна
Колку ќе ги смениш пелени охоо, ретко кој останал само со едни за приватна болница не ти требаат, таму све си има. Ако имаш некој во Скопје во Веро нека види, таму некако најголем избор има, иако јас кога ги користев само голем пакет земав.
Не ти требаат за приватна болница. Секако има таму пелени. Има мало пакло премиум. Зедов јас Ќе најде во Ск секако сестра ти
За во болница 10-15пелени се доволни Јас си ја носев ташната за бебе, со количката што беше и во неа ставив пелени,тетра,крема.. Имав купено големо пакување
Софи жирафата глодалката каде ја има? Ја има некој да каже искуство? И глупо прашање, слипи пелени некои има? Барав у тинекс не најдов.
Според мене Софи жирафата ми е жива глупост, истата функција има како другите глодалки. Само џабе фрлање пари ми е, реално прескапа е. Слипи има само во Зегин мислам.