Мислам дека не се скапи. Ние од џамбо имаме ама моето не ја сакаше баш. Зависи од детето дали ќе ја прифати.
Сакам да купам седиште за во кола од локо кроко на кика боо кој има да сподели искуство 6м сме сакам од 0-36кг да земам
Ние земавме kikka boo 4 strong, со isofix и се навалува. Денес ќе го пробаме прв пат, вака ми изгледа океј, за цената супер.
Мрежичка има во Зегин, на canpool мислам е, супее занимација за бебе особено сега во период на убави овошки, 170ден е мислам, одлична за цената
Видов реклама во bebehome за седиште на kiddo 0-36 месеци 11 000ден и kikkaboo се солидни, сепак добро е да се види некое за да можеш да добиеш претстава какви се
Мајки има ли негде перница за доењњ до кај 1500 што се вади навлаката за перење? Земав од андреј компани на сликата стои дека се вади а сега гледам дека не е таква
Јас имам од eдна страна на фб. Пиши Mostly baby Shop ќе ти излезе. Маста и ја извадив скоро година, навлаката се вади и супер е за цената некои 500-600 денари.
Чорапи со гумички од каде купувате? Во ваикики 4 пара за 200, ама од 4 пара само 2 се со гумички,преваранти
Во кои продавници во Скопје може да се најде подлога за играње во форма на слагалица? Ми делува доста практично за одржување а и бебе да се чувствува слободно на земја...
И во Енци менци има, коцките се со бројки што се вадат и после може малото да ги мести на соодветното место.
мислиш хаос да прави. Па и тоа прашина собира не се чисти. Земајте без делови што се вадат! Јас од џамбо земав такви.