Девојки, за изнесување од болница сакам бебето да носи шпихозни, не дводелен комплет. Проблемот ми е што не можам да најдам шпихозни 50/52 величина.. сите почнуваат од 56ка. Купив едни 56ка, ама сакам и едни помали затоа што не знам колкаво ќе се роди.. ако е 50-51 цм, не сакам 56ката да му висат, па сакам да си имам 2 опции. Сетовите за од болница не ги преферирам - многу се обични и генерички - бебешко плава боја или бела и најобични и плус, 99% се со дводелни комплети, немаат шпихозни. Ако знаете каде можам да најдам 50-52 шпихозни штосни со интересен дезен би ви била многу благодарна
Види на фб страните што носат од H&M имаат они 50ки,може ваикики ке донесат. А до сега што сум видела интересен дезен беа во wenice шаренки целосни види ги и таму. Ни јас не преферирам кутии со циркони и принцес или принц да пишува во бледи бои Другоможе имаме членка албанка да ми побара на google каде може во поградец да има продавница за бебешка опрема. Не алишта него креветчиња мебел бебешки нека ми пиши лп со адресите
Во потрага сум по едни патичиња, како за по дома топлинки. Ги гледав уште додека бев бремена, а сега никако да ги најдам. Кожни се целите, во две бои, а напред имаа апликации, и тоа различни на двете стапалца. Дали можда некој знае за што зборам?
Здраво. Дали некоја знае каде може да најдам ранец за на количка со посебни прегради за шишиња и убаво организиран од внатре, ама да е теѓет боја, не ми е проблем и шари да има, само основата да е на теѓет. На М&М им пишав, ама го немаат моделот што ми се допадна, т.е од таа боја. Благодарам.
Во Канеј во Бисер најдов по 30 ден, во чорапарата до него беа по 80 и 100 ама немаа ни бројчиња. Ми рекоа дека имало и во Сара Фешн,не проверив