https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn....=d8cee79e7db2268d71918f53ff26b622&oe=5F947EC8 Јас овие ги меркам ама не знам внатре какви се
Мислам дека се памучни, скоро сите комплетчиња од babyshop пишува дека се 100% памук, антиалергени..ама сакав да се целосни шпикозни, бидејќи е попрактично за облекување на толку мало бебе.
Леле за кај ви се овие,дома ако го облечеш вака ќе се исфрли...и мајка ми е мераклијка за плишано ,му купи тренерки уште првиот месец. Едвај два пати ги облековме до кај нив,па таму го пресоблекував..можеби долните би ги искористиле со боди на долги нагоре,за по дома
Не за дома, за 40 дена за до црква и назад мислев и за шетање со количка пошо средина на октомври ќе биде и ради топлинчињата дека стварно ништо толку мало немам купено за нозете, имам толку мали сандалчиња од поголемиот ама не одговара за октомври тоа.
Зависи од времето какво ќе биде,моево се роди на 10.10. Пред да се роди беше врнежливо,откако излеговме од болница опече сонце до пола ноември. Така да јас плишаните му ги облеков во декември А никако не ти препорачувам сончево време и плиш,замисли се ти така да се облечеш,сигурно ќе ти биде нелагодно. Исто вакви топлинки,дури во зима би му облекла,по мене. Јас за мерак,да не биде босо му купив од стружанка едни памучни. Инаку го шетав по боди на кратки+шпихозни и кога ќе се скриеше сонцето го покривав со ќебенце.
Па ќе видиме какво ќе биде времето, морам нешто и подебелко да имам, кога купував уште зимска роба немаа донесено. А за папучки, кондурчиња, којзнае вака онлајн дали ќе најдам мали. Знам има во џамбо ама пред 40 дена сигурно до таму нема да се заакам. Ќе видиме.
Јас земав едни такви од Кали 56 се, не се нешто многу убави на изглед ама материјалот е убав памучен, мислам дека ќе ги изнаносиме за дома особено за навечер како пижамки. А инаку има многу убави во Окаиди.
Дојдов во темата да пишам за овие. Ги нарачав конечно од Family and baby online boutique и се со различна должина, баш се изнервирав. Ракавите се претесни едвај поминува рачето. Бебе е скоро 5 месеци, јас нарачав од 6-9 месеци (68-74) ама мали се. Само 2 од 7 му облекувам тие што беа подолги и комотни. Вака на изглед се супер ама немаат еластин и малку се крути.
А колку цм е бебето? И синко секогаш носи поголем број, не само од овој бренд. На 3 4 месеци ги носеше тие 6 9.
69цм беше пред 2 недели затоа и земав поголем број и баш прашав за должина ми рекоа 68-74цм. Мислев ќе бидат добри. Очигледно треба 9-12 да нарачувам А многу се убави.
Мамички, јас се извинувам што малку ќе ви ја однесам дискусијата во нов правец, меѓутоа имам бизнис план кој би сакала да го реализирам, па ми е и повеќе од добредојден секој ваш одговор. Ми треба информација од сите вас, кои сте директно инволвирани во целава приказна. 1. Од каде најчесто купувате облека за вашите најмили? Дали внимавате на брендови и дали се нафаќате на онлајн порачување? 2. На што повеќе обрнувате внимание, материјал и квалитет или цена? 3. Дали мислите дека има доволно избор на нашиот пазар? Ако одговорот е не, што конкретно мислите дека недостига? И бебешки акцесоари се во игра За старт би ми значело доколку се задржиме на овие три прашања, зошто ми се основа за се’ понатаму. Тенк ју ол
Ајде да ти помогнам 1. Купувам од било каде, каде што ќе начекам нешто убаво, квалитетно или добар deal (некој попуст). Поголемиот дел од облеката му е брендирана заради тоа што му ја купив уште нероден, па ете од мерак, а и не знаев за овие поевтините онлајн продавници. Сега најчесто онлајн нарачувам. 2. Материјалот ми е на прво место, нека е купено и 100ден од пазарче ако е комотно, не ми смета. И нормално исто не ми е проблем да платам нешто поскапо за добар квалитет и нешто што ќе трае. 3. Мислам дека има премногу избор како за Мк ама и доста надувани цени. Ми фалат само некои брендови што во странство се евтини, а убави како h&m, name it. Само што знам дека кај нас пак би се продавала колекцијата пред 5 години поскапо.