Ладното време со себе си носи настинки и ларингити, затоа ве замолувам за препорака за инхалатор од кој сте задоволни и од кај може да се купи? Фала ви
Каде да најдам дали би знаеле, мушаместа наметка при јадење да му ја ставам на бебе? Материјал како лигавчињата што се бришат само што таа да биде преку цело тело. И дали знаете да ви текнува, каде има облека за бебиња со есенски мотиви? Пример со капки дожд, со ливчиња или со тиквички или со шумски животинки.
Зависи што бројче ти треба, во саботата во ваикики, капитол, многу убави бодиња имаше со шумски животни. Најголемото беше 74-80, две се во комплет.
Девојки, знаете ли кај нас дали има ваква табла? Знам на Али дека има, ама уште во Мај нарачав нешто и не ми е стигнато, па ова сега ако го нарачам, којзнае кога ќе стигне..
Да си порачаш од али и машни и турбанчиња за без пари се што се вика ги има истите што ги продаваат страниве на фб и инстаграм.
Во Јуск, Меркур имам видено... Инаку стигнуваат од Али работите, јас крај на јуни нарачав ми стигна почетокот на август.
Мамички здраво, сакам да Ве прашам дали за релаксаторот зедовме подлога и што ми препорачувате да земам за да му биде удобно на бебенцето во релаксаторот ?