Им пишав на Лотус да го нарачам, но ми рекоа дека се распродале, ќе добиеле најверојатно крај на месецов или почеток на следниот. Им пишав и на HELLO BABY MK, но и таму се распродале. А многу се убави, пред некој ден во живо ги видов, конечно најдов. Како памучен материјал ми се виде, а внатре топчиња стиропор има за да не е тешко сушењето. Ми го отворија и видов дека ќе биде мало за моево, повеќе одговара за помало бебе, не ми изгледаше тамам за петмесечно бебе. Имаше зелено и сино, ако сакате вакво, пишете им на Фејсбук на Ангел Тренд Охрид, можеби може со достава да испратат. Мислам дека многу подобро е вакво отколку сунѓер, се убив од менување сунѓери на секое, ми здосади, а и одамна го исфрлив од употреба бидејќи студено е и не се суши. Како се расприкажав...
Имам и вакво И што е за право, задоволна сум. Дури и се изненадив колку ми испадна практично. Малиот си лежи како во фотеља со рацете, ептен ми е достапен за убаво да го измијам. И, што е најважно, не морам да го придржувам, со двете раце можам да го капам. Тој пак жива вода ме прави, но стабилен е во ова.
Еј да, така како некој паша е во тоа Па и кога ќе ми се насмее задоволен така оптегнат, ми доаѓа да го изедам
Кој има шетано деновиве низ ваикики? Има ново и каде? Во сити мол не сум била 3-4 дена и последно немаше ништо. Како е во рамстор, капитол?
Каква играчката за на бебешкото креветче да одберам? Дали да има и музика и да свети или да се меки деловите кои висат и само да свири? Благодарам.
Ова од Стружанка го купив. Имам уште едно од сестра ми, го користев со поголемото, малку ми зеза со патентот па купив уште едно сега и ќе си ги мењам. Памучно и многу практично
Во Капитол бев вчера, има убава нова колекција, се изнакупував за синко. Јас нарачав од H&M, разгледај на сајтот, може да нарачаш на фб.
Ваикики има секоја година, на фб од тоа h&m, чико во енци менци, окаиди. Секако, најисплатливо ти е во ваикики. Гледај само да е целосно затворен кај нозете. Јас имам на чико и супер си ја заврши работата. Со количка одеше, вака е прилично скап. Свири, имаше и проектор со ѕвезди, играчки што се вртат.