Не сум забележала искрено. Летните од плажа колекцијата сигурно не иако сега има уште заостаната летна колекција. А другото е од хоум делот. Ако ме носи деновиве патот до капитол ќе ѕирнам за тука.
Не најдов ваикики топлинки со патролни шепи, мали броеви се. Да не знаете друго место каде што има или онлине продавница?
Каде да најдам најмали патичиња за бебе 8 месеци ако постојат такви. Да не биде ептен босо само по чорапчиња.
Во Ретаил имаше до 30ка сигурно од топлинките во саботата, виде во тоа Вајкики? Мојов носеше Најки, 17ка мислам беа, исто и од Окаиди за 6-9м, а и од Тимберленд, мислам и тие 6-9м беа и од Вајкики
Каде има интересни налепници ‘baby on board’? Да не се класика жолт квадрат туку поштосни некои.. ако имате и линк да разгледам онлине би било супер
Ако не се лажам во аптеките на Плус Фарма има со Жирафата Софи и свети. Околу 250-300 денари е. Ние од бебе хоум земавме пред да ја дознаеме Софи, и не е ништо посебно
tiny baby shop јас земам чист памук. На George се. До сега сите боди и шпихозни од таму се одлични, не се собираат нити белеат.
И јас барам за 5 месечно нешто како скафандер целосно како за ова време? ваикики ништо нема уште, а мојов сака шетање во кенгур.
Измери го ноџето на бебе, па по тоа купи топлинчиња. Секако дека сите бебиња немаат исто ноџе на 7м Од Окаиди, Мадеркеар, Венис носел мојов толку мал. Баш пред некој ден од Венис ми искочија многу убави и мекани, провери. За ова време скафандер не треба, греота е бебе да се тунта уште од сега во скафандер, па колку сака нека е тенок. Плус и во кенгур викаш, ќе зоврие Купи тенка јакничка или палтенце, патичиња на нозе и шетајте.
Каде да купам зимска дебела јакничка за 12м. Каде да барам сем во Ваикики. Акам по продавниците сите велат големи броеви им стигаат. Моево ситно пропаѓа во нив, за греота