Имаш на Томи и Типи многу практични и квалитетни термоси. Погледни на нивната страна на Фб или на јутуб. Ги имаш во Бебе Супермаркет и во Еурофарм.
Вакви метални тањирчиња дома имам две, и двете се на братство, дадени ми се на поклон, но знам дека ги има во веро, ако не се лажам 195 ден едно.
Мајки ми требаат еднобојни без шари и апликации бодиња по долг ракав и лигавчиња знае ли некој каде можам да најдам ?
Во стружанка нема баш барав таму . @kukla21 баш ќе проверам таму мене ми треба сакам да испечатам неколку за моето бебе за нова година
@elcezelce што и каде ќе печатиш. Можеш и по лп Тритекс имаа купував пред да се роди бебе ама многу не им го сакам памукот
Види и на Carter's јас имав такви еднобојни бодиња со долги ама ми беа пратени од Америка директно. Освен во Сити мол и Капитол на картерс има роба и во една продавничка во Беверли и во Софиленд ГТЦ. Може да има и во Waikiki еднобојни бодиња, барем бели има.
Јас црвено од котон купив. Во комплет со црвено бело во риги беше. И јас планирам да печатам па ако не ти е проблем пиши ми каде планираш да правиш. Јас сега почнувам да гледам каде да го дадам. Инаку од али нарачав стикери за пришивање, едвај чекам да стигнат
Дали знаете каде да најдам зимски комплет како јакна и долни за 2 до 3 години. Обично скафандерите завршуваат со 24 месеци а и не ми се практични за поголемо дете што не сака да се облака како моево, а овие комплетиве се од 3 години нагоре.
Nie kupivme od kares vo city mall za 700ml voda,2000denari ..imase i pomali tie bea poeftini ,inaku mn e ubav
Јас имам два од вицко еден голем еден мал метални добри се види во продавниците каде се продаваат работи за домаќинство