Зимски чевлиња 23-24ка, ама не ортопедски. Со нормална цена? Оти повеќе ми требаат за по дворче за играње шлакање. Може и ептен евтини некои за по дома и некои поубавки нека се поскапи за излегување Што им облекувате за по дома по двор уствари кога е ладно многу?
Во ваикики има по 800 1000 денари. Некако тврди се ама сите чизми што ги фатив се тврди, дури и скапите. Подобро еден пар саглам, што ке даваш пари за два пара, ни еден нема да износи.
Мајки каде да купам торба што ќе ја носам постојано!??? Од количката немам како додаток, така да некој предлог!?
Имаш торба како ранец е во M&M на фб, јас имам таква убави се цврсти и практични. Има мислам и во ПиКи поевтини ама не знам каков е квалитетот.
Ако излегуваш од дома со количка се убави, штосни се многу. Ама ако излегуваш со кола, во транспортер како ке ја/ го врзеш бебето?
Знаете ли каде можам да најдам вакви рамки - од првата слика само простор за отпечатоци, не цела рамка толкава.. или евентуално само 1 слика. Овие се од Бебе супермаркет, ама дали знаете и на друго место дали има и ако да, која цена се? Фала ви
Има како отвори да ги протнеш каишите од количката. Јас имам слично за транспортер од Лидл. Само овие вакви се за надвор на ладно ако се шета. За во кола не.
А баш се чудев како во ова и колку е безбедно ако е без врзување. Штом има за каиши, готово, се фрлам да барам.
Јас земав од џамбо во јануари, како на втората слика една слика еден отпечаток како со глина. Мислам дека 250ден беше.
Јас му купив едни високи патики адидас хоопс околу 1700денари,и едни чизми гумени од кали околу 300-400денари беа,кога врне за шлапкање му облекувам гумените чизми и има целосна водоотпорна кабаница како скафандер ама тенка и така е цел заштитен од вода и може слободно да си игра.