Предлог за убави кадички за бањање со постоље? Гледав обични има, анатомски некои, незнам што е паметно да земам ? Предложете кај има најголем избор и што е најпрактично да барам? И Да не се прескапи има и по 5-6000 ?
Земи си ако има обично со постоље. Постољето ќе ти заврши работа, а не сум задоволна од анатомската кадичка кога потпорасна му беше тесна. Од летоска почнавме во базенче да го бањаме (имаше 8м и стабилно почна да седи) и сеуште продолживме така, во туш кабина. Ама за новороденче препорачувам со постоље. Ние купивме од Енци менци комплет околу 2000,има цени на нивната страна.
А немаат овие продавница? Надворешноста е убава, а внатрешноста е со велур синтетички. Мислев дека им е памучен, но не бил.
Гледам во Локо Кроко има убави вреќички за спиење за бебиња до 6 месеци без ракави на кика бу.Дали ги има некој вака убави ми изгледаат 990,00 денари се?
20% памук 80% полиестер. Најверојатно поставата внатре е памук. Од надвор е полиестер. Средно дебела. Имаше и подебели баш како јорган материјал. Ова ми се виде дека и удобна, плус нема да шушка.
Зедов една, на неа пишува бројка (70 беше мислам) и ми изгледа голема... ќе барам друга. Фала ти. Уште нешто - што мислите за оние вреќи ко плик, практични се? Овие. Има некој?
Јас имав ќебе што со нитни вака се правеше како плик,ама ниту еднаш не го искористив како плик. Го купив со намера за зимата да го ставам во него во количка за шетање. Ама со ќебе не може да се врзе бебето,а имавме мала незгода кога не беше врзан и се откажав од идејата. За ноќе за спиење многу дебело ми беше зошто ние сме на железарско парно,пука 24/7 Оваа од Tsukinory ми е поубава за спиење
@LivingGlam Јас имав 56 купено, се роди 50 цм. Брзо ја надрасна и не успеав баш да ја искористам. Твојата можеби е 74, тој број вреќичка му облекував на 5 месеци. Земи си помала ако сакаш за новороденче.