Фала и од мене, деновиве ќе одам до Скопје и ќе одам да купам обавезно. Баш убаво изгледаат, уште дебелината да ми се погоди.
Таква купив. Убава и квалитетна изгледа, таман ми одговара дебелината за температурата во нашата соба. Ефтини и убави. Ама голема ми изгледа. Уште не знам да се ориентирам со големините. Во секој случај ќе ми требаат две за смена, па баш ќе споредам кога ќе ми стигне оваа од локо кроко.
Здраво мајки, од каде можам да купам подлога за играње ама да не е од оние со слагалки, туку како килимче повеќе што личат?
Во пики- Струмица имаше можеш да провериш имаат страна на ФБ и по карго праќаат. Како гумиран е со фолија. И да се истура течност не ја попива течноста, со влажна крпа се чисти.
Ми стигна вреќичката од Локо Кроко. Не е соодветна за новороденче... Од 0-6 месеци би требало да биде, но отворот за вратот е преголем. Помал е на поголемата што ја купив од Кали. На оваа ептен лесно би се пикнала цела глава внатре во спиење. Ќе барам друга опција сега, оваа нека стои. Ама многу се нервирам што не се следат никакви стандарди. Појма немам како ќе го легнувам да спие.
Во ваикики лани имаше убави вреќи за новороденче, ама без ракави. Од тила да ги ѕирнеш? Јас имам и соодветен е отворот.
Ги видов во Ваикики, оваа година се ко скафандери. Не ми се допаѓаат, со парно сме... ќе се свари во таква. Фала, ќе видам во Тила... ама кога ќе одам накај Битола. Онлајн веќе ништо не нарачувам. Да ви кажам и за сетот што го нарачав од babyshopp.mk. Конци полно, ај, ќе ги средам. Има и други фелери - грешно закачено копче, едно стапалце на пантолчињата поголемо од друго... Веројатно моето така се погодило. Материјалот барем е добар. Ама бодито луѓе... не знам како не забележав на сликите и видеото - само долу има копчиња, кај вратчето претесен отвор. Неупотребливо е, нема шанси да го мачам да му го облекувам и соблекувам така тесно преку врат. Овој го нарачав, првиот. И толку, одлуката е отсега само Зара и Окаиди за онлајн шопинг.
И за тила нема да погрешиш, ама скапа е, 1750, затоа нема маана. Тренерки од спорт м, спорт вижн може. И на џорџ бодиња се супер. Инаку и јас веќе не се лажам да порачувам од овие "маалски" продавнички. Се е тоа кинеска или турска роба, броеви мали, па и цени машала ставиле. Плус некои демодашки модели што имаат, хаос. Јас од окаиди искористив попуст, за пролет го подновив синко.
Ливинг мојот никогаш не спиел во вреќичка. Не трпи да биде покриен . Пробав, не бидува и толку . Се врти и спие на меше од 2месеци. Го покривав со чаршавче до рамења и секогаш е гол. А додека се баш бебиња мали освен што маваат некое раче и не претат нешто многу. Секако ќе го контролираш. Убаво е да спие во вреќичка, претпоставувам. Ама не сите ги прифаќаат.
Сигурно ќе ми е појасно кога ќе се роди и ќе видам што сака... Јас сакам се' сега одма да решам, веќе ми се смачи од размислување.
Вишак слободно време, сите го поминуваме овој дел со прво дете Неколку дена те читам за вреќава и си се смеам, да знаеш само колку неискористени ствари сум купила од многу мислење. Една од нив е баш вреќата Ако мислиш да доиш со вреќа ќе ти биде невозможна мисија да доиш на 2-3ч. Ќе треба да го извадиш за да не се сварите, па да го вратиш А време куца и ти си се спие, замисли и да го подрасониш или разбудиш облекувајќи. Ех оддамна не е она "спие како бебе" Мислам и момче чекаш, а машките се и повеќе склетни, мојот беше вода, а спиевме во соба не повеќе да има 19степени. И не знам ни зошто бараш и вреќа за новороденче, стварно мачно би ти било толку мало бебе и ненавикнати, па и со грчеви да ставаш во вреќа. Обично и вреќичките се користат од 3+, тогаш веќе има некој ред и грчеви се поминати, бебе и повеќе часови сврзува навечер. Преорентирај се на следна ствар за размислување
Се согласувам, не е потребна вреќичка за новороденче, не мрдаат толку како после 4ти месец. На почеток ми збореа да пазам да не се покрие преку глава со ќебенцето ама едноставно претешко е тоа да се случи со мало бебе. Е на 5 месеци во спиење си го ставил преку глава среќа се разбудив. Плус ова за машките дека се склетни не знам колку е точно ама и со мојов се потврдува. Го облекувам по боди на кратки и шпикозни и преку цела ноќ го покривам ама џабе кога и да се разбудам е отскриен, рацете и нозете раширени и топол е на вратчето. Топло му е цело време.
Епа следна работа - како ќе го ставам да спие? Покривање не сакам, ми е страв. Знам дека ретко се случува да се покрие преку глава, ама се' што постои ко опасност сакам да го елиминирам па и минимални да се шансите. Вреќата ми изгледа ко најбезбедна опција, затоа барав ама засега нема соодветна. Ај, ваљда ќе ми текне нешто друго денес.
А оние што се како плик се отвараат или и тоа е вади-стави? Сум ги гледала по овие бебешките онлајн продавници ама во живо не знам какви се.
Штом се роди бебе магично на се ќе најдеш лесно решение. Имав јас и вреќа, ќебе како плик, обични ќебенциња, креветче, заштитници, корпа од количката, за да на крај спие со мене, покриен со тенка голема пелена и моето кебе Нека се роди бебе И нема потреба од страв од гушење, не оди ич на таа тема..
Се отвараат, ама тие по правило треба да имаат додатен дел внатре со лепенка, за да го зацврстиш бебето. Овие што се продаваат овде немаат, џабе е исто ко ќебе му доаѓа. Знам дека ептен комплицирам.