Фустанче со Елса и Ана? Најдов на страна на h&m ама 5 ден.немам добиено одговор Да не имате сретнато на друго место?
Дали сте задоволни од бодињата од зара и како идат бројчињата...и ако некој знае како да се нарача на регистрација на апликацијата ја нема Македонија не ми ја дава? ...Или други бодиња од кај сте задоволни ? И елечиња за 3-6 месеци бебе ? Хеланчиња ?
Јас сум задоволна од Зара, во моментов му облекувам бодиња со долг ракав број 6-9 и соодветна е големината. Убави се.
Majки, наредниот месец славиме прв роденден па ме интересира од каде можам да купам некое фустанче, сакам да биде стварно некое ептен уникатно. Од каде купивте вие?
Женски , каде да најдам готови полици за соба, барам бели.. во jumbo имаше само црни и кафеави... да ми прават мајстори нема шанси сега да барам, затоа сакам да купам . Или оние како облачиња? Сакам делот кај креветчето малку да го декорирам , да не и е обично на бебушка
Многу сум задоволна од бодињата од зара од самиот почеток од таму купувам памукот им е преубав. Имаш на страната за величите и можеш онлине да си порачаш јас си правам нарачки имаш и елечиња убави
Убави се бодињата ама некако многу се отворени кај вратот. Нема копчиња и има само мал преклоп, не би ти ги препорачала. Мислев да земам погол број ама ке земам други.
Dali znaete kade mozam da najdam detski masicki so stolcinja? Ednobojni, drveni na primer, da ne e shareno
Каде може да најдам плакарче за детска соба. Не фиокар имамме но не не собира повеќе. Да не е нешто мн шарено едноставно еднобојно или две бои комбинација.
Вакви столчина каде има? И низ парк доста тротинети видов во пастелни бои а и имаа и дел за седнување. Е баш тие од каде ги купувате? Срам ми беше да прашам. А една убава минт боја беше. А женското розе паселна преубави
Да не се од scootandridemk на инста? Тие што прашувате за мебел за деца погледнете ги minibambini_mk, preffino_official и kids_hut_mk.
За тримесечно бебе подлога за играње на земја ама поголема бидејќи ќе почне да се раздвижува па да има простор, играчки што вртат со музика, скафандер или зимска прекривка за количка ако го шетаат, облека со новогодишни мотиви, прибор за јадење бидејќи за некое време ќе почне со храна, столче за хранење, вреќичка за спиење. Тоа ми текнува сега.