Јас зедов од бамбус во Бебе Хоум (оди во делот Храна, нешто не можам да закачам линк од чинивчињата и приборот), но имам и од Зегин порцелански со Мики Маус. Зимски вреќа за количка гледав тука, им пишував и ги прашував каков материјал се, водоотпорни се, а сега се на попуст и ова ми го пишаа: ,,Да вреќите се за количка, внатрешноста е од велур, надворешноста е од бионичка еко прекривка, големината се прилагодува, долга е 100 см, широка 55, одговара на сите модели на колички"
Јас барам веќе 2 месеца. 26,5 имаше во спорт риалити неделава ама мали му се , вас ако ви вршат работа. 27 еднаш во спорт м ми излегоа ноќта ( секој ден отвараѓм) викам ајде сабајле ги нарачувам , оп снема Друго нема ништо асално. Све се гломазни чизми обложени со крзно. Овие не му ни пропуштаат ... Спорт вижн немало да донесат
@eli25 што не му земеш 28 или 29, ќе ставиш влошка на Кеги. Така јас направив со првиот пар што го купивме Досега имаме износено два пара, дефинитивно најдобра/најквалитетна патика/чизма што постои, вреди за секој денар. Буквално секоја вечер ги четкав со вода, за да можам сабајле во кревет да му ги облечам дури се расонува за градинка Не беа мрднати. Ги облакаше во ноември, ги соблакаше на 24 мај во Грција на плажа Годинава, доцниме И јас барам деновиве, нема бројче за мојов.Само клот црни, не ми се допаѓаат. Има кратки/ниски, ама сакам високи. Некако и слабо годинава, како да ги нема баш. Ако налетам твое бројче, ќе ти пишам. П.С.Ако сакаш да ти подарам 28, како нови се, сериозно Ако не се лажам, истата комбинација бои ти ја купи лани или преклани, тегет со зелено, најубаватаили со Дафи ве измешав...
Дали има некоја членка рачна пумпа да ми даде на заем? Купив електрична но е доста крута притоа ме болат градите после одредена јачина а баш таа ми е потребна за убаво да се измолзам.
@eli25 не можам да го едитирам претходниот пост... Сега гледав за мојов во Спорт М, па најдов и за тебе. Неколку модела имаш на 28, клот црни, сиво со црвено, тегет... Пишав и погоре, со влошка на Кеги немаш гајле. Ако би му одговарале 27, земи му 28. Бар кај нас немало никаков проблем така...
Мислиш со рачна помалку ќе те боли? Не можеш да ја подесиш јачината на пумпата? Искрено со рачна мене повеќе ме болеше.
Кога ги купувавме првите, Пупче носеше 26. Тоа бројче му беше таман, а нели треба малкуцка да се луфта. Немаше 27 и купивме 28. Ги носеше месец два со влошка, немаше никаков проблем ни со одење, ни со ништо. После му беа баш таман како што треба. Неколку обувки има носено со влошките на Кеги. 100-150 ден мислам беа, ги имаат сите бројчиња, во сите нивни продавници, а се наоѓаат и на други места. Верувај, нема да погрешиш. https://k-k.mk/product/anatomski-kojni-vloshki-vloshki П.С.Во таа боја веќе не се произведуваат, ептен негде ако заостанале, иако не верувам.
Пластични се инките. Пробав со рачна во болница на цимерката далеку побрзо е. Што значи и по кратко ќе ме боли.
Јас користев рачна брзо одеше ама раката ме болеше од стискање и воопшто не осеќав болка при измолзувањето. Ја користев таа на wee околу 800 ден е мислам. Со снаа ми три месец аразлика се породивме па од неа ја земав. Ама супер е. Ако не ти се даваат многу пари за рачна.