Многу убави има во Бамбисимо и во Лептокарија во таа на ќошот до НЛБ банка. Од вторава скоро секогаш сум купувала за подарок, а и сега за моето.
Еве и тука да се пријавам Препорачајте ми добар блендер и прибор за јадење, за неколку дена ќе почнеме со цврста храна, па да се припремиме
дали кај нас може да се најде вакво нешто? и воопшто дали некаде се продаваат било какви едноставни дрвени играчки за бебиња?
На малата и купив плишана мини маус па сега сакам да ги сликам и сакам бебушов да го облечам како мини Дали знае некој каде може да најдам некое такво фустанче ?
@monik55 , @0ли , гледам задоволни сте од оваа подлога за кадичка. Ме интересира ставате нешто на неа, тетра пелена или сл. за да лежи на помеко, или само така го бањате детето??? Што е по практично ова или жабата за пет месечно бебе?
Ставам тетра, попријатно му е така да не е на пластика. Задоволна сум, си ужива во тоа и раат го бањам. Жабата е мала за петмесечно бебе, во живо ја видов и среќа не ја порачав, околу пет месеци беше и моето кога сакав да ја земам.
Дали некаде на друго место има играчки на чико освен тополино и енцименци. Конкретно оваа ја барам, во енци менци воопшто ја нема, а во тополино ја нена на залиха.
Слабо има таму. Сега и уште помало дуќанче нели земаа позади бисер. Ќе проверам, ама последен пат кога влегов прилично штуро. Плус они витеч имаа мислам.
До Капитол доле кај пицерија Дени има продавница за бебиња имаше горе реклама на чико. 4 all babies нешто така се викаше