зедов од локо кроко водоотпорна навлака со ластик и прелесно ја наместив, а од ваикики одамна имав земено постелнина и дури сега кога почнав да перам приметив колку е голема, ама ќе го користам барем чаршафот иако скоро цел душек ќе го покрие одоздола. а тие од бебе супермаркет и бебе хоум се со ластик или не?
Да да со ластик се Ако само чаршав ти треба може и во стружанка да видиш Комплетите во бебе хоум се 900д отприлика и плус перниче имаше во нив
Девојки, кажете ми од каде да купам подлога за преспблекување на бебе која се пере во машина. Не барам од тврдите туку имало некои како кебенца непропустливи кои се переле во машина. Благодарам
Дали овие ги користите како надополнување на оние што се само како мушама? (мислам на тие што ги зборат околу 150 ден, 10 во пакување)
Тие што се во пакување од аптека сами може да се користат, со памук се полнети и од долната страна се како најлон мек. Ако мислеше на нив. Не сум ги користела во комбинација, најчесто ги употребувам во кола кога го пресоблекувам и фрлам. Овие другиве ми се за дома и се перат. Моите се со силикон од долна страна, а како фротир-памук од горната.
Дали имате порачувано облека преку интернет од некои брендови? Како оди за царини, трошоци и слично.. Ако може некоја мама да пиши
Разгледај тука: https://www.facebook.com/TinyBabyShopMK Поисплатливо ми беше преку нив да нарачам отколку да платам shipping. Алиштенцата се на George. Многу убави, меки. Нарачав у сабота, пратката стигна во вторник.
Не овие се 2 во пакување, кога го пресоблекувам син ми го легнувам директно на тоа и башка ги вријам и немаат гајле
Дали знаете некоја страна што продава производи од икеа, конкретно детската кујна ми треба... На сите што им пишав ја немале или пак познавате некој шофер што оди Србија, Грција па да ми направи услуга? Нормално ќе си платам и за услугата.
Каде има од оние мрежите што се за во кадичка? Ги гледав негде, не можам да се сетам каде...И дали се практични, ги користел ли некој?
Денес видов во Локо кроко, иако мислам дека во секоја продавница за бебе опрема имаат мрежички. Не сум користела, нашава кадичка има вграден анатомски дел.
Може прашањево не е баш за детски работи ама незнам на друго место каде да прашам. Дали некој знае каде можам да најдам ваков самолеплива тапет?
Јас купив во андреј компани ама и во џамбото има кај делот што е сп кадички, сунгери за бањање Од прв ден ја користам мене ми е ептен практична ќе го легнам и го поливам со вода.
Бива ама треба да сечам коцки да лепам многу време ќе ми одземе така, а вака ако е тапет побрзо ќе оди одеднаш страна по страна ќе залепам.