Супер се они. Има и кревет. Еве се од таа детска соба. https://jela.rs/catalog/kiki/kreveti/joy-kr90.html Има креветче. https://jela.rs/catalog/kiki/?program=38
Јас го нарачав бирото, комодата и полицата. Минатата недела ми се јавија, стасале, сега треба да утврдиме ден за испорака. Ако се одлучиш за некое од овие парчиња или што и да е на Јела, мој совет Форма нова. И за комуникација и цени ми се покажаа како најприступачни. За квалитет, мислам дека во моментов нема подорбо на нашиов пазар. Според мене. Застапници на Јела се 5-6 салони кај нас, Форма нова се најевтини, другиве „бегаат“ со 10-30% повисока цена, ич не е незанемарливо ако планираш да купиш повеќе елементи. И испорака и монтажа им е бесплатна, што не е случај со сите.
Зависи кога. Не секогаш се најефтини. Јас кога земав беа најскапи, ама па случајно во салонот налетав на директорот па ми ја даде цената од другите салони. За се друго се согласувам. Се по договор, време, испорака. И повеќе се исплатат вака, отколку да ти ги прават. Се е на меко затворање, фиоките имаат висинско подесување, за по некое време користење се подесат. Ова се екстра и ко луксуз го бројат мајсторите што прават. Здравје и биро и мала масичка ќе си земам од истиот програм.
Крш, Теа колорс, Локо кроко, Галакси, Анаконда, Џамбо.. Буквално сега секаде ги има. Јас од Теа му имав земено.
Мајки ја има ли некоја од вас оваја лизгалка од Лотус да ми каже дали е стабилна. И дали би била мала за 3 ипол годишно дете.
Јас пак Ќе ве замолам некоја членка дали има видено сетови микроскоп, телескоп? Јас најдов, ама ми го продале и ветив на внука ми и сега останав празна. Ќе си пукам во колено, секогаш пред нос ми купуваат Е ваков како на сликата. Ви благодарам
На поминување видов во Просветно дело, ама не загледав што се иде во комплетот. Провери на веб страната.
Ја има малата, за стабилна е стабилна, со убава дебела пластика. Ама за таа возраст би зела поголема.
Здраво ме интересира дали некој порачувал играчки од kinderlino.com? Немаат нешто многу објави по фејсбук, а дополнително ме збуни тоа што кога заѕвонев на бројот оставен на страната, ми кажаа друга фирма.
Дали сте виделе блузон на патен со капуљача, па и не мора со патент, ама да е црвен Бројче 8, или како веќе иде. 6,5 год е, ама не сакам да му е пасент, малку покомотен. Ве молам, деновиве ако видите, пишете ми. За исполнување на една од новогодишните желби... Ни треба за принт.
Дали знаете каде би можела да најдам еднобојно порокалово боди за 12 месеци. Долго време барам, неможам никаде да најдам. Ви благодарам однапред