Јас од Лотус М пред некој ден баш нарачав од 1 цм. И во Нама имаат 1 цм. Пробај во тие, тука негде се цените
Во Окаиди има ептен дебели вреќички за новороденчиња. Онлајн можеш да ѕирнеш во Happy kids Macedonia, има за повеќе возрасти.
Јас земав од Тила, види на ФБ страницата, барај го соодветниот албум. Мене ми се чини доволно дебела.
Мајки каде да најдам вакво ? бебето има 2 месеци и многу се плаши во сон и рацете ги мрда и сакам да го ставам во ова и поубаво да спие
Големо е бебето за вакво, се користи за новороденче. Ќе помине со тек на време таквото мрдање на рачињата.
Па мојов сака во кенгур да шета ај по дома ок ама надвор со скафандер и кенгур стиснат целиот нервоза го фаќа и едвај го собира а практично би било да има како навлака термо или вреќичка
Практично е, но не сум видела досега. Стави копчиња на кенгурот и навлечи му ја покривката од количката