Колку потенка? За која температура? Тие во Локо Кроко од КикаБу се подебелки, за 20 степени се тамам.
Не како скафанфер, не зборувам за нив. Топли се, новиве се поларни, башка и ракави имаат. Не се за ако е топло по дома. Купив од кај нив вреќичка од ланските зимски, не изгледа дебела, памучна е, но ептен топли. Со куси ракави и голи нозе го ставав во неа, и пак топло му беше Еве ја
@0ли Секако дека топли, не го реков спротивното. Едноставно потенки се од другите кои имаат многу слоеви и полнење. Вреќичка е за да топли.
Е така си е, секако дека треба да топли, не го реков спротивното Не е со триста полнења, но пак не е за потопла просторија, на пример ако спие бебето во соба во којашто е 23 степени. Затоа и прашав за која температура и' е потребна вреќичка, не е секоја (не)дебела вреќичка за секоја температура.
Има некои, баш пуштаа слики тука во темава. Види на страницата на HELLO BABY MK, таму последно гледав, убавки се.
Не е големо, може до 3 месеци во ова да спие, земи го за еден месец вреди. Јас имам спремено ама не е од Мк,за новороденче од 0 до 3 месеци пишува, а поголемки не можев да најдам.
Каде можам да најдам плишена голема Мини? Каде сигурно сте виделе(знаете дека има) изминативе денови и ако знаете и цена? Сакам за подарок да купам, па би сакала да биде поголема ама навистина не знам по кои цени се движат. Едит: И микрофон! Сакам микрофон за малата, каде можам да најдам? Фалаа
Мини ние земавме од Либерта, големка е, околу 350 ден ако добро памтам. Инаку почнати ли се новогодишните попусти во Ваикики? Има ли роба во аутлетот да не знае некој? Гледам во Зара има попуст од денес.
Микрофон имаме од Лотус, а има и во Пики. Дупло поефтин беше. За Мини незнам. Јас имам Мики од Лотус, средна големина, ама од пред 3 год. Кога се роди мали. Голем е колку новороденче.
Вчера во аутлетот на Вајкики видов, по +/-1.500ден беа. Види го микрофонов со караоке, може ќе ти фати око. Јас уште не сум решила дали мојов пејач да го правам, а ако решам ова ми фати око https://www.encimenci.com.mk/muzichka-igrachka-karaoke-chicco-949210000 Има во аутлетот роба, за, девојче повеќе. Конкретно ако бараш новогодишни за до 12м има, за, поголеми ништо
Фала ви женски ќе ми завршат работа информациите! А кога сме на тема Мини дали знаете каде има бањарка/пешкир со Мини? Имаше претходно во Ваикики последно не видов, барав по трикотажите ама ништо. Девојката сакала бањарка со Мини