Некои убави комплетчиња или шпикозни бр. 50 од кај можам да порачам преку нет. Сѐ што гледам е од 0-3м кои одговараат на 62бр а тоа ќе е преголемо. Ми треба за почеток за првите 2 3 месеци нешто помало, оти и ова ќе биде џивџи како дада
Дали можеби сте виделе постелнина со Хулк? Ама ми треба само со хулк не со други херои. Небитно дали од продавница или онлајн.
Сите седобри само различен изглед. И што опции сакаш да има . Јас имам од kikka boo prima 3in1 до скоро како лулашка го користев ама веќе ќе почнеме да користиме како хранилка за пола месец одприлика и баш е добра. Брат ми има луна мислам беше и таа е супер.
Бањарка убава имаш во Македонка во Скопјанка. Таму е 600 ден, јас ја земав на Бит пазар зa 550 ден истата. Gaye bebe пишува на пакувањето. Ја пробав, убаво си апсорбира.
HELLO BABY MK имаат плик ќебиња, ми излегоа вчера-завчера. Не знам дали бараш бањарка како крпа или со ракави. Ако бараш како крпа со капа, имам од БиБејби и од Чико, многу се убави, големи и ќе ги користиш подолго време. Прво имав помали и брзо ги надрасна, па морав пак да купувам. Гледај поголемки да се за да не треба пак да земаш.
Јас зедов од Охрид, но и HELLO BABY MK имаат од БиБејби, сум порачувала. Од Стружанка имав една, но оставаше како парталчиња на кожата.
Каде би можела да купам мушама или нешто слично за душек? Имам за соблекувалната, но таа е мала, јас би сакала колку целиот душек ако постои таква и врз неа да ставам чаршав и така да би спиело бебето за во креветчето.
Има во Џамбо, голема како за креветче, непропустлива, со ластик е, како чаршав, се става на душекот, па одозгора постелнина, како што сакаш.
Јас имам од сомниа шоп, имаат карго достава. На нивната страна можеш да видиш димензии и цени. Со ластик е како како чаршав мушумата.
Фала ,не ми текна таму да прашам,инаку во Hello baby нема вчера прашав и си порачав само бањарка. @Alishan30 такви чаршавчиња имаш во секоја продавница што прават постелнина како Стружанка,мене од таму ми беше купено.
Бањарчиња од кај купувате? (Слика ако може уште поубаво ). Јас двете на подарок ги добив, исти се, добиени година ипол разлика , претпоставувам од Стружанка. Не дека им фали нешто ама ми здосадија