Јас имам од Карес земено џабе парите треба до 8 саати да држи топло ни два саати не е топла водата марка Contigo за другите не знам види во Скаут Аутлет тие се за планинарење треба да се поквалитетни и повеќе да држат
И јас уште не најдов Има едно бендисав во бебе хоум околу 1500 потенко за спиење како јорганче е ама мислам дека за 1мес ќе му се смали дури го купам Во енци менци ич не влегувај по 3600 се вреќичките не се нормални
Е баш ваква ќе пишам баш деновиве на Киндерланд дали имаат, како да беше околку 300 денари, па да не чекам од Али, не знам како се со достава, нешто стига одма, нешто со месеци нема.. Баш пиши кога ќе ти стигне и дали е ок?
Дали некој има бесконтактен топломер на Бо Хуи? Ваков имам пошто кога ми требаше не најдов апсолутно никаков друг во тој краток период, ама мислам дека не мери баш точно.. Ако има некој да сподели искуство..?
Јас земав од Али, ми стигна за околу месец. 100 и нешто ден ја платив, и супер си е. Обично само тоа делчето што се завртува ми стои на количката и кога ќе носам кафе или сл си го натакнувам и тоа големиот дел и си терам
Го имав на работа,мерев со живин па со овој,со живин беше 36 ,со овој 36.1 па го порачав од струмица. Ако мериш неколку пати по ред еднаш ќе покаже 36.2 еднаш 36.5 ама мислам дека е точен. Мерев на малото после вакцина,ако покажеше 37 ќе премерев со живин. За тие пари,ок е.
Здраво, мамиси. Дали знаете каде можам да најдам облека за бебе, било што и да е, да има на неа пингвинчиња? Или на целата да има еден голем пингвин Ако има и на странски страници да сте виделе, ве молам споделете. И чорапчиња и капче ми требаат.
Јас имам од максторемк презадоволна сум со се достава го платив околу 700 или 750 не знам точно пред неколку месеци го порачав
Здраво мамички, каде може да најдам вакво за новороденче? Исто така ако може да ми кажете, од каде купувате мекани ќебенца?