Здраво мајки, дали некаде во нашава вукојебина може да се најде ваков покривач за количка? Ви благодарам
Баш сега гледав нешто на бебе хоме сајтот, не знам колку одговараат, односно дали се универзални https://bebehome.mk/product/kiddo-кабаница-за-количка-сингл/
Го најдов коментаров стар 2 години, ама кога бараш нешто ќе најдеш и стари постови Ме интересира дали се уште го имате истото мислење за креветчево и до која возраст го користевте? Дали точно до 6 месеци или и повеќе? Многу се мислам дали да купам вакво, некако практично ми изгледа... Фала многу
Каде може да се најдат убави и содржајни сликовници со тврди корици (по можност и внатре страниците да се тврди)?
И мене ме интересира.. @Snowflake97 мислам дека ти пишуваше пред некое време дека купи.. од каде? Заинтересиран е бебуш?
Зошто црно бела, нели треба да биде шарено со јаки бои, контрасти, така се развива мозочето, што појаки бои тоа подобро.
Јас имам на tiny love од бебе хоум. Не е баш книга. Од едната страна црно бело, од другата шарено. Точно, се почнува со црно бело.
Јас со синчето прво од старт му ставав јаки бои, играчки со јаки бои, подлога за гимнастика, тропки, покасно сликовници, и ете го дечко 3 годинки како компјутерче е, многу бистро дете е, му посветив многу внимание и мислам дека и тоа е резултат, почна да зборува од 1 година, на 2 год веке користеше цели реченици.Мислам дека боите немаат многу врска, битно е вниманието и љубовта од мајката најмногу, да му се зборува цело време, да се пее, и автоматски детето е среќно и умно.
Далеку од тоа дека книгава што ја барав ќе биде пресудна за развојот на детето, на мене и тебе сигурно не ни дале такво нешто кога сме се родиле. Ептен ми се виде штосна, ем на бањање мислев да си се занимава со неа, додека да научи да ужива во вода. Инаку во меѓувреме разгледувам и од подлогите за гимнастика со џунгла тематика, некако најживописни ми изгледаат, со убави разиграни бои. Каква подлога имаше синчето?