Не мислев така, сакав да те охрабрам само дека како и да почнеш ако работиш со детето нема утка.Инаку подлогата беше шарена со диви животни коцкаста, горе со прекрстени 2 лака на кои висеа шарени тропки, намстена беше на под над шарени коцки оние од стиропор, ама кога попорасна поцна да ги вади коцките и да сака да ги лапа па земав од оние како тепихчиња шарени за играње и многу сакаше да игра на тоа.Јас цело време го играв на под, со него цело време ама не го гмечев многу во раце, цицаше многу често и тоа ни беше гушкање.Битно е да има простор да мрда, да вежба цело време, е сега со второво незнам како ке биде бато иам 3 год и може да биде опасен
Веќе почнав со учење песнички Се надевам ќе и бидам добра другарка за играње А за баткото не се секирај. Иако секое дете е различно, сигурно ќе има многу љубов за бебето, а ако се постави баш како голем батко, ќе ти биде од огромна помош. За тепихче не размислив, фала ти што го спомна
Кај да најдам вакви или слични? Некој што изработува да не знаете? Гледавме да купиме ама не ми се сфиѓаат, се некои лоши бои се, и пластични не сакам.
А да видиш на локо кроко страната? Не знам какви бои не ти се допаѓаат ама има неколку различни на Kikka Boo, не се пластични, мене многу ми се допаднаа и никако да одлучам која да ја земам. 1440 мислам беше цената.
Во бебе хоме исто има доста избор со вакви слични https://bebehome.mk/product-category/igracki/igracki-za-nad-krevetce/
Каде да најдам некој што изработува custom made постери за бебиња, кои би можело да ги купам во дигитална форма и овде само да ги испринтам и урамам, дека не живеам во Македонија. Сакам на синко да направам постер со датумот на раѓање, час, име и хороскопски знак, гледав интересно идеи на интернет.
@0ли јас пак тебе те барам Синчето спие во транспортно креветче така? Какви играчки имаш над креветчето? Овие што се за дрвени се преубави, какви сѐ дезени има... за транспортниве тук таму по некое, а ниедно не ми се допаѓа..
Не ме прашуваш мене ама ќе се умешам Јас од пики бебе земав со авиончиња и прожектор има, на прв поглед мислев за дрвено е пошто и во Андреј компани го имаше ми рекоа за дрвено е, ама се мести и на транспортно и баш цврсто стои на моево, така да гледај ги убаво и тие за дрвени што се може некои да се наместат на транспортно
Да, во транспортно спие. Не ми се ризикуваше дали ќе стои од дрвено или не, па барав да е баш за транспортно. Вакво зедов од Бебе Хоум, малиот ја обожаваше. Ја местев и на корпата од количката кога го шетав и ќе седнев некаде. После почна да пружа раце по неа, ептен си играше, па со нозе. Со прстињата ги допираше, ги мавташе. Кога почна да ги дрпа силно, му ја ставав на друг крај, па се влечеше низ креветче за да дојде до неа. Музика има и се вртат, црно-бели се баш за таа возраст. Долго време ја користев и секогаш кога ќе му ја ставев, и' се радуваше како нова играчка да гледа
Вакви се и на релаксаторот (од таму ни е) и ги обожава. Супер, од таму ќе земам Баш ви фала и тебе и на @ni.na
Да скроз го искористивме и мислам дека е одлична инвестиција. Моето бебе се роди мало. Покаснп почна да се врти и да му биде тесно па го користевме до кај 8-9 месеци. Значи можеш да го користиш до кога ќе мислиш дека веќе му е малечко. Моево ноќеска цицаше на 2 часа и бебе практично цело време беше до мене. Немаше станување и кревање во раце
Прожектор кој може да работи цела ноќ? Имаме прожектор желка, но автоматски се гаси по 50 минути, па малата се буди и плачи ги немало ѕвездите Ако имате или знаете каде има некој шо би работел дур не го исклучам? Гледам во енцименци сите со тајмер се
Види ги овие: https://www.lococroco.com/producttag/2413/отпечатоци И на некое друго место гледав ваква глина/песок онлајн ама не ми текнува каде. Види Енци Менци, Бебесупермаркет, Бубамара...
Попрактични се оние материјали како глина, безбедни се за бебешката кожа и нема остатоци од оставање отпечаток. Ги има насекаде, Бебе хоум, Андреј компани, Локо кроко... Еве линк.
@Bicka77 @MissBreezy ги знам овие и супер се за украс по дома, ама сакам олд скул со мастило да ѝ направам на лист за да ги залепам во радосницата и не знам дали со обично смеам или некое посебно се продава...