За почеток ти треба со силиконски врв, да е мека, бебето ке ја гризе. Јас на чико имам таква. А за понатаму е широка и незгодна за држење. Бејби лов се супер, 3 за 79 денари. И онака ке ги гризе, ке се обојат од храна, ке фрлиш некоја по грешка.
Девојки, во локо кроко имате 30% попуст на шпикозни, комплети и бодиња. Евтино испаѓа а убав материјал, јас се изнакупив и што треба и што не треба
https://www.encimenci.com.mk/vrteleshka-za-krevetche-birdie-travel-vtech-80513103 Слична е. Само да знаеш дека кинеските играчки, општо сите се прегласни. Ако бараш да свире нека биде некој ,,бренд,, оти од памет ќе го вади. Овие Чико и останатите, ,, покултурно,, свират.
Најмногу ми е да има повеќе песнички и да е на далинско. Оваа што ја имам има само една песничка и е 'рачен систем'. Ужас Фала за советот дека се прегласни, на тоа ич не ми текна, зш оваа може една песничка е ама баш е пријатна.
Да прашам за сунѓерите што се ставаат како подлога во коритце. Пред некое време прочитав пост дека брзо се суши и не мириса ама сега не можам да го најдам... Ме интересира каде има и кои димензии се? Видов дека имаат во Локо Кроко ама некако мал ми делува според димензии.. Јас си замислував ќе можам да го легнам бебето целосно. Инаку бебето е сега 52 цм.
Овие се големи, вакви користев. Многу често ги менував, а ги користев летно време и на топлото се сушеа брзо. Вака на студено не знам дали би се сушеле брзо бидејќи цел сунѓер се потопува и колку и да го цедиш, пак е воден.
Каде да најдам заштитна покривка за седиште во автомобил (за под транспортер)? Видов на бебе хоум и бубамара, ама да разгледам уште нешто. Ако сте виделе и по фб страни, молам линкче Барам само за долниот дел од седиштето, нема потреба да е целосна.
Мислиш на прекривка што ќе стои под транспортерот за да не е директно на седиште поставен или прекривка на којашто ќе седи бебето?
Под транспортерот, за да се заштити автомобилското седиште од пластиката. Не прашувај што ќе ми е, педантерија од маж Вакво https://www.bubamara.mk/sedishta/av...ashtita-za-sedishte-deluxe/673413830064567341
е да, ова е веќе поголемо од тоа ја што гледав, ама сега ме замисли со студеново... ништо, ако не сунѓер, мрежа не ми бега
Првпат читам да бара некој вакво нешто, затоа и бев збунета Ама да немав адаптер под транспортерот, можеби ќе ми текнеше Убаво е ова, од ФриОн е. @Bicka77 Имаше едни од платно, а внатре полнети со топчиња стиропор, за новороденче се, а се пере во машина и одма се суши. Ќе побарам и ќе ти пуштам линк да видиш.
@Bicka77 На овие мислам. Мали се, за новороденче. Касно најдов, малиот имаше 5 месеци и голем беше за вакво. Не можам да се сетам која имаше и го пофали дека и за двете деца го користела. Ќе тагнам, па извинете ако згрешив. Како да се сеќавам на ѕвездичка во никот, а само на вас две ми текна. @Bella* @BabyT*
Не дека не може без подлога, тамам работа. Но мене ми беа интересни сите да ги испробам, само ваква не успеав.
Немам второ сеуште Инаку да напоменам треба да се менува често затоа што е добро место за бактерии. Јас користев од мрежите првиот месец, а после директно ја легнував во кадичка со тетра под глава.