Транапортното креветче што го имам, игра улога и на креветче и на игрална. Ептен ми брка работа за игра, во него малиов се изнавежба. Не мора да се фаќа на ништо за да се исправи, на мрежата се потпираше како на ѕид со цели дланки и така се исправи, а сега веќе и шета наоколу во него. Креветчето ми е најсигурното место каде што можам да го оставам, а да не се секирам да не се повреди или преврти, падне. Ако треба да излезам од соба, во него го ставам и раат сум. Си игра, скока, се тегне, тропа и ќе си истера денска дремка. И игра и спие во него. Е, сега, не знам дали како игрална ќе е погодено за држење на рабовите бидејќи како креветче има душек и повисоко е така. Претпоставувам има дрвено креветче за спиење и сакаш игрална. Од моето искуство е ептен искористена работа.
Да, дрвено имам па се мислев за вакво нешто, ама нз дали би седела во него а и дали е добро да седи. Сега е на земја цело време се превртува, прави склекови а така ми е страв да не не лази
Мојов лази, растура. И тоа правилно, само кратко време се влечеше војнички. Ако земеш, ќе комбинираш игрална и земја, не мора цело време во тоа да е. Ќе си игра, ќе можеш да ја оставиш во тоа и да отидеш до вц што се вели, а нема каде да оди додека не си до неа.
Види и Анаконда, Просветно дело. Џамбо има но се малку како карикатури, мислам 6 во сет беа, има и магаре Јас никаде не најдов убави и реални, што имам еден сет кучето и коњот се иста големина Ако сакаш поединечни и убави имаш Сторибокс, ама скапички се, но можеш да зимаш едно по едно, барем вредат
На пазарче во Автокоманда има домашни,диви, диносауруси, што ти душа сака Голем коњ,овца ,крава ограда и две дрвца за 180ден купив. Убави цврсти и реални. Претходно имав земено куче ,маче,кокошка и петел во сет. Има и на парче.
Каде има играчки тука? Кај овој со сваштариите? Нема што нема кај него,од маски за мобилни,до тутун,корита....и играчки ли има?
Valjda kaj sto go prodavaat dusekot treba i carsafi da ima Jas kupiv od kaj sto go zemavme krevetot i dusekot
Мене душекот ми беше комплет со креветот, и постелнина имав плус. Ама сакам барем уште две чаршафчиња за секој случај