Една членка во "Последно што купивме за бебушот" имаше пишано дека биле многу убави, планирам и јас да си земам 1-2 пакувања.
Земете си, ќе ги искористите за разни работи. Јас 30 зедов и сите ги искористувам, но не мора до толку да претерувате. Во лето за покривање, во количка, за бљуцкање, да го легнете некаде ќе си постелите и сл.
Да, мислам дека буквално за сѐ се користат, никогаш доста од тетри, ама да не се многу тенки. Јас купив едни од стружанка, по 65 ден една, ама тенки се како газа. Мислам дека после две перења ќе треба да ги фрлам. Затоа сега сакам малку поубави да земам.
Емка има ли машки добиено? Само еден модел имаше машки пред некој ден. Баш жолти. Ама ако има и друго, да проверам. На Алкалоид се. Многу се квалитетни. Купете си.
Нема, жолтите се до 24м, секако ни 3/4 ни 4/5 нема, ама мене и тоа ми е дебело. Има и на плаво и зелено од истите. Нема никакво елече! Каснат или нагло дојде пролет не знам Ни кај големите нема ништо.
Тетрите од Стокомак се убави и ОК се со цена. 70×70 се, 3 тетри. Ако ви требаат повеќе, истите од Алкалоид ги има во пакување од 10. Ги имам најдено во дуќан на бит пазар за 400-450 ден а поголеми (80×80) ги платив 500 ден. Инаку јас земав и од бодињата, имаше 4 дезени, демек 2 шари за девојчиња, 2 за момчиња. Материјалот ми се допадна на допир. Пишува 100 % памук.
Можда ќе ти делуваат тенки ама немаш гајле. Ја имав земено 10 како тие од Стикомак пред да се породам. Втор месец терам со нив, за све ги користам. Сите 10 ги имам свртено повеќе пати, ги имам перено накај 10 пати, ги нема да мрднат.
Истите се, тоа се тетри на Алкалоид и се супер иако ти изгледаат тенки. Секако дека нема да ги фрлаш после две перења, ќе си ги испеглаш и исти ќе се
Види во Ваикики, јас тие што ги купив се многу убави подебелки и поголеми. Две земав такви, планирам нив да ги користам за преку лето за покривање и за одоздола кога ќе одиме негде, како што кажа @0ли . Од Стружанка имам две и ќе докупам уште 5-6 од друго место, мислам таман ќе ни се.
Не мислев да ги фрлам како демек за една употреба, туку ми се гледаат многу тенки (тие од стружанка што ги зедов како газички се) и ми се чини дека ќе се скинат одма по 2 перења. Ама штом од искуство кажувате дека се окееј, значи океј се.
Од големите гледав јас кај нас. Од од 3-4 почнуваа. Значи секаде е различно. А баш по тебе се водев. И мојот е за уште еден елек. Најискористена ствар ми е. Ама нема ни тука.
Убави се, јас колку ги глеав ама тогаш бев 2 месеци трудна, а после ги немаше,ако начекам зимам денес обавезно, ама одма се трошат...
Зара има, еден плав најубав, ама дебели се, повеќе како есенски. Има потенок кај големите маслинест е, убав, мек. Ориџиналс ги има стандардните само други бои, да немаше мојов ист, таков ќе купев, баш е убаво и пролеттно
Мајки зедов од тетрите во стокомак, супер се, илјада пати поубави од тие во стружанка што ги зедов. @jarec6 сега бев во стокомак во козле, имаше доста останато.
Од плавиот по грешка кафеав нарачав. и да не се бафтам со менување го оставив. И лани имаше ист од таму. Само со капче. Ќе чекам у Вајкики деновиве.
Онлине страна некоја друга освен Зара , Мапет кидс , Бејби шоп , која е да се порача за машки убави комплетчиња или шпикозни , за момиња секаде има преслатки за машкиве онлине тапа или јас незнам кај да гледам