Здраво на сите може некој да ми помогне каде да најдам вакви патики и кондури за мојата ќерка некоја страна на фв или слично ?
Здраво мајки, ќе ве молам за помош каде во Скопје можам да најдам тренерчиња за деца од брезе, или не мора да е од Скопје, може и од друг град што вршат достава
Во венис , во локални продавнички исто така има, во детските бутици во Бисер. А мислам дека и на фб има бутик Breeze за деца некаде во Скопје се.
Видов во ГТЦ доле спроти Мегаспорт еден бутик за деца се беше на Брезе,а и по локални продавнички по населби има знам,кај мене барем има.
Во Бисер во бутук Пиколино има тренерки на брезе преубави и не се скапи. Бутикот е кај Виола аптеката.
Мамички незнаев во која тема да прашам, па реков тука. Термин ми е во јуни, е сега прашањето ми е што да купувам, по долги ракави, по куси? Како изгубена сум Лето ќе биде, но сепак ќе биде мало бебче. Или првите две до три недели по долги, па потоа по куси. Искрено појма немам. Имам купено досега и по долги и по куси, но мал број. Е сега веќе сакам да почнам со спремање по малку барем со алишта и незнам на што да обрнам внимание.
И јас сум малце збунка за лето. Ај за пролет ми подарија пролетна јакна ама што е со вечерните прошетки во јуни, јули?
Јас сега во март, планирам во боди по кратки, одозгора со шпихозни, и замоткано во ќебенце, така да го изнесам од болница, а во лето на кратки секако, па ако биде над 30 степени секако во кратки, а навечер некое тенко маиче, или дуксерче, доле исто тенки пижамчиња или тренерчиња, а дома секако по кратки ќе спие ако е топло. Зошто и сега е пекол кај нас дома, уште да му облечам боди на долги и шпихозни, и тешко детето после.
Абе има логика се што пиша. Само се надевам нема да те читаме во темана за свекрви за тоа како го преладуваш бебето
Затоа бараме некои поискусни да кажат Си велам ај топло ќе е и надвор и дома, посебно кај мене е пекол, и моментално климава ми е исклучена но за бебче незнам. Или па по долги евентуално нешто но танко
Јас бо август се пордив. Мн ретко беше на долги само за спиење. жешко бешр многу по цел ден беше само на боди со куси ракави
И јас како @Naatashka123 летно бебенце ќе имам, 18ти јуни ми е due date и стварно не знам што да купувам. Првите недели си викам ептен ќе биде малечко за да биде на кратки или не? За вечерни прошетки и за спиење навечер земав боденца по долги и ѕивриња, ок ли е или не? Исто се мислам за покривање навечер дали е соодветно во лето да биде со памучна вреќичка без ракави или со памучно ќебе или тетра? Колку ќе ми треба количински облека и кои броеви? Дај помагајте пошто појма немам, имам чувство дека тоа до сега што купувам е без врска.
Иста сум еве и јас. Како падната од Марс И јас мислам досега така купувам од шѕо ми е мерак, но веќе треба да почнам да внимавам што купувам и што ќе ми тррба да земам. А незнам што ми треба
Зависи и дома како ќе ви биде во лето. Клима сигурно ќе пуштате ако ви е претопло. Малиот во мај се роди и летото во Скопје клима пуштавме да одржува инаку ќе исцркавме. Бебе беше во боди со куси, а го покривав со тетра. Надвор го шетав наутро кога не беше претопло во тенки шпикозни без ногавици и со куси ракави, а кога ќе заспиеше во корпата, со тетра го покривав малку. Потоа дојдовме во Охрид и по цел ден беше со летни шпикозни со куси ракави и ногавици, кога беше претопло и само по боди, а за спиење го покривав со тетра или ако беше посвежо навечер, со памучна тенка прекривка.