Досега во лето не сме биле дома. Во друга држава бевме секогаш, прво лето ќе ни биде тука, но сигурно ќе биде претопло чим сега веќе ни е топло Сепак значи најпаметно за спиење барем во потанки шпикозни и со тетра само доволно ќе е. Па за шетање ќе видиме зависно од времето А количински колку е потребно од се?
Па не премногу да трупаш, ќе переш почесто и ќе надрасне брзо. Не сум репер за да кажувам количина, си имам навика да купувам повеќе
Море какви шпилхозни за во лето ако си од Ск бебе ќе ти спие само по боди со кратки! За во јуни кога ќе се роди земи нешто за првите две недели по долги, кога ќе дојде јули нема ни да помислиш да му облечеш ништо такво.
https://m.tehnomarket.com.mk/product/739360/gorenje-jc805eii-sokovnik го имам овој мене ми е супер. Зависи што сакаш ама во главно сите имаат многу делови за миење др се е ок.
Па за бебето ми е, педијатарот ни препорача да давам свежо цедени сокови од морковче и овошјата што ќе ги воведувам, па барам нешто за тоа.. Баш ќе го видам овој, фала ти
@Naatashka123 @Bella_Stella Јас сум породена во јуни, исто имав купено алиштенца на долги, ама три месеци долги не и' облеков оти беше пекол, и дома и надвор. Дури и од болница кога излегувавме сестрата што ја облекуваше ја остави со куси ракави и тенки панталончиња и ми рече да внимавам да не ја облекувам многу. Имајте си две три тенки памучни боденца на долги ракави и панталончиња, мојата дома три месеци беше само по боди со кратки ракави, за шетање облекував и тенки панталончиња и покривав со тетра пелена ако заспие.
Јас со првото се породив во мај, првиот месец беше во тенки шпилхозни најчесто, по потреба одоздола и ставав и чорапчиња и тенко бенкиче. Температурата дома околу 18 степени ја одржувавме. За спиење ја покривав со нормално ќебенце. Веќе во јуни беше во боди на кратки и панталончиња. Сега ова ќе се роди во јуни, ама пак не би го соблекла директ на кратки за по дома, сепак е многу мало и поголемиот дел од денот спие, рачиња вади надвор од ќебе.. Јас планирам само тенки шпилхозни или бенкица на долги со панталончиња, барем првите 2 недели.
Многу студено не ви е на 18 степени? Ние па одржувавме околу 25-26, да е топло, но да не е ептен пекол.
исто. Во сокот остануваат главно шеќерите, а на бебе му требаат и влакната на пример. Сокови, било какви воопшто не се Препорачани.
Лошо имам пишано, климата беше на 18, не знам дали паѓаше температурата до толку во спална кај што беше бебе оти климата ни е во дневна. Навечер гасевме клима оти секако беа ноќите поладни. Така ми кажа патронажната и дека прво дете зимав се здраво за готово. Ладно не ни беше оти јас од кога се породив станав с'клетџика невидена, како свиња се потев.
Не знаев кај да прашам ша викам ајде тука. Кажете ми како оди тоа со патронажните сестри? Од кај доаѓа патронажна, од болницата кај што си се породил или од општината? И дали во приватните болници има патронажни што доаѓаат? Кога доаѓа, колку пати?
Од општината доаѓа, односно сега поради пандемијата ме исконтактира по телефон и совети така ми даваше. Додека да отидеме на педијатар со неа телефонски се консултирав, достапна беше и на вибер.
Јас мислам од општина, бидејќи уште кога бев 14,15та недела ми се јави имале евиденција на бремени. Ме прашуваше како што сум, дали нешто сакам да прашам што ме интересира, кога ми е термин, дали ќе сакам да дојди во посета после породување со оглед на ситуацијава со вирусов и ми остави број за ако сакам и во теков на бременоста да ја прашам нешто.