Ова во Мк? Прв пат слушам дека се јавуваат во бременост, може нешто ново е. Кога се породив со првото на Гак ми земаа податоци и после некој ден ми се јави патронажна сестра. Мислам од реон Драчево беше но не сум сигурна.
Да да, од Прилеп сум конкретно. И јас се зачудив, дури неподготвена ме фати незнаев што да прашам, знам дека после пораѓај земаат податоци и доаѓаат. Сега сум 24+, не памтам добро но сигурно има најмалку еден месец поминато откако ми се јави.
Доаѓа патронажна, но не е од болницата. Се породив во Ремедика, сестра дојде од општината. Од болницата ги известиле дека сум се породила и ме исконтактира.
А што е разликата во свежо пасирано и свежо цедено? Во пасираното не се задржуваат шеќерите и влакната? Не дека те порекнувам, само ме интересира, ново ми е ова со храната...
Не знам дали е од општина, мислам по реони. Јас живеам во Тафталиџе, а ми дојде патронажна сестра од диспанзерот во Ѓорче (Тафталиџе е под општина Карпош). Се породив на ГАК и по испис ми се јави патронажна и покрај корона дојде. Е сеа ако сакаш може да дојде пак, сама ти се нуди, а ако не те бара на тел да праша како сте, како ви оди, дали треба помош
кога цедиш, останува само сокот, кој во принцип е само шеќери. На децата им треба се, не само водата и шеќерот. Кога пасираш останува се, не само шеќерите и затоа е подобар избор. Шеќерите не се добри ни за заби.
Ти препорача да почнеш прво со сокчиња, па да воведеш цврста храна или паралелно да даваш? Гледам дека многу педијатри препорачуваат да се почне со сокови, веројатно за организмот да се навикне ама и јас мислам дека нема потреба. Со сите нутриционисти и доктори што сум зборела општо и за возрасни луѓе, секогаш многу подобра варијанта е цело овошје отколку цеден сок. Секако на старт кашите се прават течни.
Комбинирано - 3 дена сокче, па 3 дена кашичка од една намирница, па после преминување на следна. Не знам што да правам.. еве сабајлево му дадов неколку лажички сокче, прво се мрштеше, па после беше ок. Ама сега ме мислите...
Јас кога воведував храна,педијатарот ми рече да му го готвам како компот, да го сварам овошјето. Првиот ден да му дадам од водата, вториот ден помешано вода со јаболко,третиот само јаболко. Јас ми давав комбинирано т.е. малце од водата колку да ја разредам кашата. И тоа само првите неколку дена. Инаку некои даваат од старт свежо овошје.
Мојот па ми рече да не ги варам туку од старт да давам свежо - сите витамини се губеле со варењето.. Секој педијатар различно, како и за се друго.. една рака луѓе во државава, никаков стандард за децата.. Ќе си го послушам мојот и ќе го следам детето и мојот инстинкт, па ќе видам.. Фала ти на советот
Јас сум породена 8 месеци патронажна не дојде воопшто кај мене, ми се јави на телефон 2-3 пати и толку. А прв пат читам дека и во бременост се јавуваат, може нешто ново им е ова
Можеби, прва бременост ми е мене не сум ни запознаена баш како оди сето тоа. Како што ми се случи така ви пренесов