Вакви, само двојни, даваат во вајкики со бодињата што се по две комплет, скоро заприметив и 5 бодиња комплет имаше, може се вакви закачалките не ги загледав. Инаку само закачалки не сум видела вакви, може на алиекспрес да видиш, таму има се и сешто.
Каде да најдам како огради од пластика со страници по околу 60-70 цм (претпоставувам) што се натакнуваат едно на друго и може да се формира ограда во форма на квадрат, правоаголник со различни големини (во зависност од тоа колку страници ќе се надоврзат).. Или општо да препорачате некаков начин на ограничување на движењето во одреден простор..? Сакам да е на земја, супер му е, си ужива, ама за секунда го снемува од подлога и отишол до комода, на паркет... Секако игрална е опција, ама сакам да е на земја повеќе, во простор од прилика 2х5 метра
Јас градев со маса, транспортно креветче, фотеља и сл. Такви не најдов. И онака немам многу опасни места, се што му беше на дофат тргнав.
Се отепав од барање таква ограда, никаде ги немаше на залиха, не знам на колку места прашав и им пишував. Барав поголема. Почнав и на Амазон и на Ибеј да барам, но со достава проблем ова-она и се откажав. Со мебел му правев ограничувања, а баш мерак голем имав за таква. И на форумов замарав со ова Ако најдеш, кажи. Едит. Мала ми е таа Дафи што ја стави.
Девојки, да препорачате каде да најдам убава вртелешка за над креветче со плишани играчки и убава музика?
Добив на поклон вртелешка со преубави плишани играчки од Mothercare. Да купував јас пластични не би земала, овие многу се убави и боите и играчките. Проблемот е музиката, само една е и рачен систем е, треба на 5 мин. да ја вртиш музиката. Си најдов решение си го порачав само механизмот од AliExpress со 35 песнички.
Мислам дека на Долу не би требало да бидат лоши. Имаат ок играчки и цврста пластика. Ама лично искуство немам.
Јас од локо кроко ја земав со мече е горе а под него има глодалки намерно ја земав со глодалки за кога ќе подпорасне да ги користи избегавам плишани работи зошто впиваат лиги и ќе треба да ги перам често а глодалките лесно се мијат и одма се сушат 1700денари ја земав има две опции еднатае природни звуци а другата е со музика
Ај да тргнам од едно прашање прво... Дали е подобро да купам седиште 0-25, 0-36 (за уште да си се вози обратно свртен) или да барам 9-36? Малиот е 10 месеци и време ми е да земам, транспортерот е до година и му се стеснува веќе. Следно... Гледам Макси Кози и гледам Чико. Вртев и разгледував и на ФриОн. Во однос на безбедност и квалитет, кои се подобри? @jarec6 @kukla21 @emkaemka @Happyinlove @Bella* ај да не тагнувам понатаму, ве молам и другите за мислење и искуство.
Од овие категории што ги наброја можеш било кое, сепак, ако земаш 9-36 немој никако да зимаш бустер седиште фиксно, зошто 10м е премало за такво. Имаш ли некое конкретно моделче гледано или неколку па да споделиш тука,ќе ти дадеме мислење. За квалитет не би да коментирам, знаеш кои јас ги преферирам иако! Јас најверојатно ќе земам од Локо Кроко 0-25 кг или ако терам повеќе месеци со транспортерот може 9/36... Немам толку финансии за Макси Кози искрено, да имам такво би земала. Фри он ти се исто добри, пак ќе кажам не тие како бустер. Битно е да има сертификат, да не е сега некое ептен никакво.
Истата ја имам и ја глодалките воопшто не ги сака ама целокуно на неа многу се радува сака да ги фати ја тресе сеуште му е интересна а е 6+++
јас имам на макси кози. Моето се навалува и се врти 360•. Навалувањето ептен брка работа кога ќе заспие бебе. Безбедноста е најбитно да ја провериш. Друго е небитно!
Нашето е на макси овој модел. Поклон ни е од сестра ми. Таа баш го одбра бидејќи они имаат чико за разлика од нивното материјалот е по пријатен и не поти колку нивното. За безбедност горе доле исти се сите убабо @jarec6 ни објаснува до годинка го возев во траснпотерот на макси па кога прооде тука го седнавме