Jaс имам од Локо Кроко кога беше помала до година ипол го користевме на 3 нивоа се навалуваше и многу добро се покажа,сега бебе го користи А за големата имаме Чико и тоа е одлично а и матријалот не е лош не е мекан како на Макси ама затоа пак подобро е за одржавање мое мислење
Мајки освен на kids land дали некаде ја имате сретнато оваа торба? И ако ја има некој, да сподели искуство.
@jarec6 Од Макси Кози и од Чико ги гледав овие 0-25 Ова 9-36, другите ги немаа на залиха што ми се допаѓаа. Нормално, најважна ми е безбедноста, но исто така важно ми е и да не го поти. Во транспортерот жива вода се прави, од Чико е и едвај чекам да не го користи веќе. И најверојатно од 0+ ќе земам, сакам да се вози обратно.
Кое го гледаш од Чико? Нашево е Чико, поклон ни е, инаку мислам дека не би го избрала. Не е лошо, но за тие пари има подобри. Уствари ми кажаа гледале и едно од cybex и штета што тоа не го избрале, многу подобро личи материјалот и повеќе се спушта. Види ги и нив. И јас сега кога би бирала строго со изофикс би избрала, далеку поцврсти се, а ние богами доста сме по патишта.
Ова од Чико го гледав. Ама некако на сликава материјалот ми изгледа ист како од транспортерот, иако можеби од слика и не може да се процени баш убаво. И ние сме по патишта доста, па сакам безбедно, удобно, убав материјал, повеќе опции итн. Со изофикс дефинитивно. Не знаев дека cybex имаат и седишта, ќе ѕирнам и таму. Задоволна си? Удобно е? Претпоставувам дека има убав материјал.
@kukla21 го има, првото знам пишувавме, топ е , затоа те прашав кои модели си ги гледала, секој различна сум може да даде па да не препорачам астрономска сум, а некој има 5000 денари на лагер. Види за материјалите да не се лажеме, не Макси кози кое сакаш земи го ќе поти, ама има едни фротирски на Макси Кози навлаки, тие се супер за да не с епоти, секое седиште си има своја навлака. Јас ти препорачувам да одиш со бебка да си го пробаш седиштето директно во дуќан,па да одлучиш. Инаку сите три модели се топ. За безбедност не правам муабет,сум кажала и пак ќе кажам дека ми се врв за седишта. Чим даваш толку пари јас не би ни Чико ни друго, само МК.
Јас го имам ова, само 9-36кг што е и не, не го бива материјалот, лето исклучиво со навлака, а за навалување мислам ок е ова. И не гледај црно, страшно се прља, сиво подобро.
Моето е сиво. Често читам дека се жалат мајки дека ги потат седиштата, ама да видам искрена таква мака не сум видела јас со седиштево. Не знам дали има врска дека со клима се возиме, ама и зимно време немала мака.
Со клима сме и ние, не ја ни исклучуваме, многу поти, ужасен е материјалот, една од најлошите синтетики Имам три навлака, па со нив е супер
Седиштата од 9 до 36кг не се спуштаат за спиење така? И јас сакам некое поголемо да му земам, поудобно ама ова ми одговара сеуште зашто си спие на подолги релации. И ова, до кога ги возите свртени обратно? Јас го свртев веќе седиштето напред да гледа ама ортопедот ми рече уште малку да го оставам обратно, рано било уште. Да се едитирам, ми текна уште нешто. Дали знаете каде да купам од оние големите кенгури за носење бебе на грб ама повеќе личи како да седи детето удобно, а не како со обичен кенгур да биде залепено за мојот грб? Не знам каде да барам, сум видела само луѓе на пешачење, во продавници не. Баш за пешачење на подолги релации ми треба и обичниот кенгур нема да ми врши работа.
Читав од Антоније некоја статија на нет. Пишуваше дека може да се сврти нанапред кога ќе прооди. Пред тоа не би можело да си го додржи вратот при нагло кочење.
Читај погоре, баш имаше дискусија за седиште во кола. Изофикс е оној додатокот одоздола на седиштето се прикачува за да се фиксира в кола (на новите коли). Ама објаснив... Еве ќе ти кажат поискусните.
За спиење не се спуштаат, малку може да се налегнат одредени, како на Coccolle Nova-та (за 0-36 зборам). Синко заспал многупати без проблем, дури и без цуцла неколку пати што е зачудувачки. Дури само во таа положба и ни е оставено седиштето. Нанапред, како што имам читано по ново, се вртат дури на 2год. Што е неизводливо со црвец дете кое само сака да гледа наоколу, знам. Или, кога ќе ги исполни горните граници за висина и килограми кои се наведени/препорачани на седиштето. Јас со седиштево понекогаш синко го вртам и бочно-свртен кон тој што седи на задно и го занимаваат дур возам, ама барем е врзан со појаси, а не во раце. За кенгур провери на oxymammy.mk на инста. Всушност нудат ергономски носилки и може да се носат во повеќе положби, кон тебе, нанапред, на колк и на грб. Само да ти кажам, цените се доста солени, од 60-180 евра се движат. Подобрите (големите, не слинговите) се поскапи.
Ве читам за седиштава и пишувате 2 години 1г. Јас го имам коколе нова и моето свртено на назад никако неможам да го наместам плаче му се биткаат нозете од седиштето на колата неудобному е плаче.а во транспортер не го собира. Како да го возам? Скоро 7м е
Знам дека се скапи и маж ми ме разубедува дека тежок ќе ни биде да го носиме. А шетаме доста и со количка сме ограничени. Еве сакам да одам барем до средно Водно и не знам како со него.
@0ли Види ги и на Кика боо. Ние го имаме ова и сум задоволна. Ама има и понови модели мислам дека се подобри ѕирни на страната на Локо кроко.