Како што знам не е важно што се свиткани ноџињата, се додека не ја достигнува највисоката точка на положбата за главата - не е спремен за следното ниво. Ние уште го користиме транспортерот кога го возам со количка. Почна да крева нозе во вис и да си игра со патиките Сите седат и разгледуваат, само ние правиме јога. Ама не седи стабилно и затоа уште не ми е спремен за спортското седиште. За во кола нема лек. Мојов е најмирен бочно, ем си гледа, ем го занимаваат ако е потребно. Знам дека не е најбезбедно, ама за кратки релации понекогаш мора така. Исто така се лути кога го вртам наназад.
Незнам во транспортерот штрчи и со главата и нозете. А во седиштето напред свртен нем амака супер му е како што си е. А ако е свртен спротивно од правец на возење бута со нозете плаче како да не му е удобно нема каде да ги испружи, незнам. Затоа или е Напред свртен или бочно секако на кратки релации се вози најчесто. Се надевам не е страшно така да се вози сепак седи самостојно
Ќе ги ѕирнам, фала! @Snowflake92 Транспортерот може да се користи сè додека главата не излегува горе. И ништо не е поважно од безбедноста. Рано е да го возиш напред свртен, мал е. Нека се лути, поважно е да е безбеден и баш пишуваа дека треба да е проодено за да седи напред свртено, а не да седи самостојно. Не знам, и самиот сообраќај е опасен и доволно ми е што не сум раат кога се возиме, а не па да е свртен нанапред или бочно. За надвор од транспортер не ни правам муабет. Се знае како е најбезбедно и некако со тоа не треба компромис да се прави или да се импровизира за да не плаче, без разлика дали станува збор за кратка или за долга релација.
Да да затоа ве прашав зошто ве прочитав. Ќе мора да се навикне така да се вози наназад.ви благодарам на советите
Прекрасно изгледа! Сега гледав слики, ептен удобно, па и за дожд има кабаница, може како столче на земја да стои, меко седиште ми изгледа. Ајде фаќајте патот накај Водно, нека ужива дечкото
И јас сакав кутија, па зедов за четка за заби Во Џамбо имаше и како поголеми, па за патување ќе ми собере 3-4 лажички
Во бебесупермаркет види ги. Имаш 2 подлабоки за околу 400 и на томи типи 3 за 300, пластични ко за почеток топ. Види ги на страната. Искрено за бебе што ништо не разбира нема потреба од тие формите што забегале со цени по 1000 и нагоре
И јас барав за лажиче кутија, и не можев да најдам, сега за ова со четкава за заби алал да ти е Таква ќе си земам, само не сум видела за деца дали има такви малечки?
Ај сега и ти не пребирај Ако најдете нешто, пишете. Инаку чинивчиња од Томи Типи и јас сакав, но од едните имаше само розева боја и сива (две одеа заедно), а другите беа со малку милилитри и не ми одговара.
Девојки комплетчиња, шпикозни 50ки кај има освен Ваикики? Некоја страна на интернет да не знајте да се порача дирек