Јас ја имам таа од Енци менци, одлично си врши работа. Убаво се гледа и ноќе, имаш опција да снимаш (се доплаќа), се зумира, апликацијата многу лесно се инсталира. Плус може да се инсталира на повеќе телефони и да додаваш луѓе да гледаат (како маж на пример).
До сега не ми пропуштиле , јас и не ги користам многу,некогаш пелена од нога менувам А кога е какан директ во купатило го соблекувам. Најчесто ги користам после бањање за да не се намокри креветот па ми вршат работа.
Фала ти, поубава да си купите. Искрено, прв впечаток, ич не згрешив. Убав материјалот, убави патентите (на сите торби и ранци што ги гледавме од 1000-1500 ден не ме бендисуваа патентите, прекрути, буквално за 2 отворања). Е сега реално, делот назад што е како корпа за преоблекување не знам дали воопшто ќе го искористиме некогаш, ама таа подлогата е убава, мека со мушамка. Длабок е доволно, внатре има 4 големи џебови, од страните по 1 џеб, од кој едниот е со отвор наменет за влажни марамици, напред има место за 3 шишиња, обложено со фолија за да одржува температура. Од задната страна е мек, полнет и има уште еден патент со скриен џеб. Единствено, јас барав од друго место бидејќи сакав црн или сив, а во kids land имаа само зелен и розев. Еве и сликчиња ако те интересира.
Фала ти мами за деталниов опис и сликите, стварно е мн убав и препрактичен. И бојата е убава (мада и јас сум реално за понеутрални ).
Здраво дали знаете каде можам да најдам ограда за креветче? Не од оние што се монтираат на спална или кревет туку баш за креветчето каде што спие малиот.Веќе почнува да се исправува и баш може лесно да се преврти , скоро до половината му е оградата