@0ли само тебе те памтам со огромна игрална.. знам декс имаше проблем до склопување, па бараше друга.. Ај те молам сподели каква игрална имаш и дали е стабилна, од каде купи.. Детево не застанува За секунда е на другатс страна од собата, а не сакам да го ограничам во мала игрална пошто не седи уште, не се исправа, па излегува ко да лежи во кафез.. а инаку цел ден е доле и ја шета собата
Останав без игрална Ја спакував таа што не успеавме да ја склопиме и ја мафнав да не ја гледам. Барав како таа Дафи што ти ја стави во некоја од темите, но голема сакав. Не најдов, а пишав секаде каде што стасав и никаде немаше. Се мислев да земам две пакувања таква ограда и да спојам за да биде голема, но баталив. Малиот само во креветче и на земја е. Креветчето е монтажно и моето ептен си игра во него. На земја кога е, на голема подлога е и му ставам од една страна креветче, од друга фотелја и табуретка, од третата кутии и од четвртата е тросед. Така не оди подалеку ако сакам да не оди наоколу, а има можност да се движи, да игра, да се исправа, играчки околу него.
Да, тие огради се опција, ама он сега ќе се исправа и ќе треба да се држи за нешто стабилно, па тие не ми се сигурни, а знам дека тоа ти што го имаше пратено како со конструкција беше и прилично големо, па затоа го памтам уште од тогаш Фала секако
Катастрофа е тоа, да не го земаш. Нека си шета слободно и трчај по него Моето во креветче се исправи. Мрежата му беше како ѕид и после се дофати на ограда и стана целосно.
Имам транспортно во кое си спие и е поголемо, со подлога за пресоблакање, со тркалца со се. А купив уште едно малку поbasic за во викендица, па сега си го донесов дома и во тоа го оставам за ако треба да не го гледам некоја минутка. Таму и ќе си се научи да се исправа, стабилно е, супер е. Инаку пак си е 90% на под, си ужива јас секако ќе си трчам по него, секако добро ќе ми дојде да симнам некое килце
Супер е и во креветче и на под, прави му барикади ако сакаш некаде да не оди и може да се снајдеш без ограда. Нешто малку пред 8 месеци. Од положба на меше, почна раце да пружа накај вертикални површини, се превиткуваше и со дланки се потпираше и седна на колена, па се дофати на оградата од креветчето. И сладок беше, плачеше кога ќе се исправеше, не знаеше како да не стои веќе Претпоставувам се уморуваше брзо. Како мајмунче се држеше на ограда со раче и клекнуваше за да седне, тупнува на газе и не паѓа. Многу сладок период ти следува, набљудувај и уживај
Си најдов Ај колку е јако! Не сум сретнала ништо слично, мојов има да пукне од радост само ако го види, не пак и да му зборува
Мачето Том го имаш видено? Само што е пластично Го има во Пики, повторува зборови ,испушта звуци вика но но но итн
Мачето Том го има секаде, на Битпазар е најевтино, мојов го знае и не го сака, еднаш го купив и го враќав. За повторување има мојов папагал. Гљувче е нешто друго, он би се радувал дека е гљувче, не за повторувањето Сепак фала