ко за претстојниов период. две што ги имам (без ракави, дебелки, една од локо кроко, друга од ваикики) ми беа супер за изминативе два месеца и ќе терам до крај на месецов со нив ама за од април сакам нешто потенко. ќе проверам во овие две продавници да не извадиле некои други вреќички.
Сè уште нема во Ваикики. Од Локо Кроко дебелки се, да, ги имам и јас тие. Цела зима ги изнаноси. Потенка во Ситник види, тамам пролетни се тие.
Ај јас да прашам, јунско бебе во вреќичка да или не? И ако да колку тенка да биде? Дали е подобро да е повиено swadled во тетра или во вреќичка?
Може да биде и повиено во тетра, доволно му е, но тоа за краток период. Незнам до колкава возраст може да се повива така. А од вреќички...најтенката! Како чаршавче или фротир. Јас да прашам каде да најдам бело турбанче или некое убаво бело капче за новороденче? Дуќан, не онлајн продавница.
Ај провери во Канеј, во Бисер имаат продавница а мислам и на друго место ама незз точно каде. Имаат убав избор на капчиња и турбани ама сега баш бело дали има не знам
Јас немам уште купено, мојава цуцка е осум месеци, и јас постојано си го поставував истото прашање. Пред четири дена бевме на контрола кај Др. Видоевски, тој рече ортопедски чевли не се потребни за здраво стапало. Детето дома да е босо, дури и бемз чорапи, ако излегуваме надвор да ставиме обични чевлички, битно е само да не го покриваат глуждот. Тој рече дека само на Балканот е тоа на здрави деца да се облакаат ортопедски чевличиња, затоа и фирмите кои произведуваат ортопедски чевли се од Балканот, како Цицибан, Кеги и уште една фирма од Врање дека е мислам дека кажа.
Породување сум пишала... Мислев проодување... Дома е по чорапчиња.. Ама прашањето ми е за надвор.. Нема да сака некогаш во количка или во раце, ќе сака да патка малку (дома не ја паткаме ама бебе ко бебе можеби ќе посака некој чекор да направи) а не сакам од тие украсните чевли да и ставам... Зато прашувам... Еднаш ќе мора да се облечи чевел и од која фирма да бидат... Анатомски се чевлите мислам а не ортопедски... Такви само ортопед можи да ги препиши за носење.
Каде да купам детско далечинско(даљинско)? По можност онлајн да се нарача. Мали веќе ќе ги искрши овие нашиве од трескање.
Во Тила има поедноставни, види дали ти се допаѓаат. Имаат тул некои модели, но долу малку и дискретно.