Тоа што го доби беше како тапет за преку целиот ѕид? Бидејќи викаш 240 на 150. Можеш да ми сликаш и пратиш во пп?
Во аптеката во Капитол молл што е имаше до пред да се породам. пред 3, 4 недели, ако можеш некако да провериш дали имаат уште.
Галениум фарм на 3та Мак, во Тинексот имаше пред некое време. Можеш да се јавиш телефонски да прашаш и во другите нивни аптеки во зависност кои ти се најблиску.
Не е како тапет,туку баш стилери посебни се,јас им испратив видинс и должина на ѕидот кај што ќе бидат а они ми направија да бидат сразмерни ама ќе ти сликам и ќе видиш ама малку покасно,не те заборавам
Ај помош кој знае... Каде да се најдат квалитетни чевлички 18 број... Во цицибан почнуваат од 19 бр. Една охридска фирма прават ама се цели тврди многу.
Баш чевлички сакаш? Има мали бројчиња на патики во спортските продавници, а веројатно скоро и кондурчиња ќе извадат.
@Jana06 шо и да е.. Само да е мало бројче и да е квалитетно. Бев во спорт риалити вчера и ми рекоа дека патичиња најмал број се од 20 или од 22. Не ми текнува баш. Стварно немам идеа кај да барам. Битола нема воопшто избор.
Женски кој бараше од оние оградиците за на под за маливе има во андрејкомпани неколку модели , на стори на инстаграм ги видов @0ли мислам и ти ги разгледуваше некаде
Пиши ако им пишеш и што ќе одговорат. Овие ми изгледаат дека се од малите, но бо зела две ако може да се спојат две пакувања и да излезе големо
Гледам се отвори тука тема за патичиња, 2 дена разгледувам по интернет и читам мислењаво врска со обувки и проодување. 10 месеци е малиот и до сега не му имам облечено патичиња или кондурчиња, освен за слика еднаш. Почна по малку низ дома да прави чекорчиња по мебелот или кога го држам за рачиња. Сега сакам да му купам убави и квалитетни патичиња за надвор. @Jana06 Сега ги гледв моделите во спортвижн преубави се, но дали треба спортски или некои на Кеги или Цицибан?
Пишував на претходната страна, добив на поклон кеги. Влошката има перниче и не е добра, сега барам влошки за да му биде рамно. Ако сега почнал да оди по мебел рано е уште за патики, мојот прави чекори сам и нема шанси надвор да оди, во количка го возам. Да не ги купуваш џабе и да ги надрасне. Доколку сепак сакаш да купиш, гледај напред делот кај прстите да се витка, позади кај петата да биде цврсто и да бидат околу 1цм поголеми значи прстите да не допираат напред (ќе ја извадиш влошката и ќе го измериш стапалото до каде е). Кога ќе допрат прстите напред, време е за нови патики. Не можам слика да најдам да видиш ама докторот ми рече обично на влошките било обележано до каде треба да бидат прстите.
Само seen добив синоќа И ја така би со две пакувања мислам дека ќе може , само цената нормална да им е , ако вратат т.е