Види ги баш и сподели и за квалитет како ти стоат , не се малце пари да плиснам на невидено , а ќе ми треба за мали и мене нешто вакво за на лето.
@Jana06 оваа фирма можи да ти изработи влошки https://m.facebook.com/anatomskicevli/ Зборував со нив и нивните чевли се тврди и напред за да го држело стапалото.
Разгледувам подлоги за играње... освен во енци менци и бебе хоум, има каде да се најдат убави? И кога почнавте да ги користите?
У Крш видов денеска убава една, кружна, 1660 мислам беше. Јас земав правоаголна со подигнати страни од Атлантик, не ми текнува цена, околу 1500 мислам беше. И ветив на една членка ќе ја сликам и ете заборавив, ќе гледам денес да го направам тоа. Бебето е 2+++, малку ми е криво што не и ја земав одма кога почна да ги прати теопалките и да им се смее.
Да не сте виделе некаде лулашки за во двор освен Крш зашто цените им се плафон? Продавница, не онлајн.
Вака нешто. Никаде не најдов по овие продавниците, а Андреј компани не знам, само јас ли не се снаоѓам на нивната страна? Категориите не можам да ги отворам. Крш се 4200 ден, а оваа од нама поубава ми е. За утре намислив во двор кај моите да го лулам ама ми текнува во 5 за 12
Па затоа и не сакам да нарачам, мислам ќе се користи нели и понатака ама утре сакааааам (ова демонстративно, хормонски викам)
Може да ве прашам додека сте тука сите околу темата патичиња, за која возраст се 15/16 број? Околу 9,5 цм пишува дека се. Претпоставувам за неколку месеци, такви и ми требаат, шо би рекла јас украсни само, за на слика
Топломер (бесконтактен) на Микролајф дали имате купено во брзо време и каде? Долг период немаше нигде, а мојов некако мислам дека не покажува точна температура, сакам асален да земам