Јас од Еурофарм го земав во јануари. Е сега за мерење тт на бебе не ми е нешто мнпгу релевантен пошто бебе кога мрда не покажува баш точно. Треба или во спиење или главата да му ја држиш да не мрда.
Интересни постелнини со некој убав дезен, со животинчиња на пример, слончиња, зајчиња, бувчиња.. Контактирав со Трифантино, немаат од сите такви поубави дезени и башка букирани биле до крај на мај, за во јуни евентуално , Машнички за деца и Билјана Биле Новина имаат 99% исти дезени и тие што ги имаат со животинчиња не ми се свиѓаат, како за поголеми деца се, со диносауруси, црно бели жирафи... и више ми се скрши филм некако и сега решив да барам од готовиве. Ако имате некој предлог, добредојден ќе биде
Побарај ги elo design на инста, баш пред некој ден имаа објавено нови дезени, може нешто ќе те бендиса .
Баш и јас ги видов на инста и ми се допаднаа Дали можеби имаш нарачано нешто за да ми кажеш дали е ок материјалот?
Кај машнички за деца можеш сама да смислиш твој дезен и ќе ти го направат.Јас имав моја замисла и си порачав така и нема никаков проблем.Треба да ми стасаат до кај 14 април.Они може да ти предложат некои дезени ама ако имаш твоја замислс ќе ти ја изработат.Јас си барав идеи на пинтерес и плус мене постелнина ми требаше за омни креветче и димензии за постелнина за таков вид на креветче и се ми средија
Не зборувам за замисла, јасно ми е дека може да ми изработат на пример една страна со ѕвездички, друга со кругчиња итн, ама од достапните дезени (материјали) што ги имаат.
значи ако си почекам и јас и мене се ќе ми се продаде не знам што квалитет се, а стварно интересни шарички имаат ај ќе ризикувам една постелнина, па ако ги бива ќе земеме и друго нешто
Ај баш па ќе кажеш што како. Јас многу им се намерачив на едни ќебенца, и шаренки и еднобојни (на веб страната ги има), и така од многу мерачење од ден за ден ништо не остана скоро . Ама во план сум да земам и јас, ќе почекам други дезени некако нема многу избор за машки. Иначе имаат и убави подлоги за игра, ако си во потрага ѕирни ги.
Не знам моментално каков избор на шари има, но јас сум позитивно изненадена од квалитеот и цената на постелините во Waikiki
Барај ги на фб: https://www.facebook.com/EuroHome-Dooel-225937494963650 Дуќанот е во улицата Дуќанџиќ до битпазар, нема што нема! Имаат и готови постелнини за бебешки кревети а можеш и сама да избереш материјал па да ти сошијат (разликата за работна рака верувај не испаѓа повеќе од 100 ден). Изборот е фантастичен, посебно ако отидеш на лице место да одбереш.
Истото го забележав, дали една или две им се така неутрални, а баш за машки нема, се некако со пеперутчиња, цветчиња... не иде да му ставам таква постелнина Деновиве планирам да купам душече и постелнина, ми се допаѓа и тоа што во опис пишуваше дека имаат во комплетот чаршавче со ластик
Малку те заборавив ама денес баш ги стававме стикерите на ѕид и ми текна на тебе.Еве како ги добив и како изгледаат на ѕид
Аааа, баш се убавиии Не е проблем што почекав, ние ќе кречиме дури јуни, чекаме да заврши школска година да можам да ги "иселам" децата на неколку дена. Те молам пиши ми и цени, ако нејќеш тука може и во порака. Јас се летам по алиекспрес ама ако ми одговара цената кај нашиве, да не летам џабе. И кажи ми дали може да ти направат било каква сликичка во налепница, или мора баш од нивниот избор?
Мамички кај можам да најдам од оние цуцлите лажалки на Мам за новороденче? Ги има по аптеките? И во кои аптеки?