Не знам кај пишувавме за бројчињата на облека за почеток ама еве еден личен пример. Бебко ми е роден 3780гр,излеговме денес од болница 3650гр, алиштата од Ваикики 0-1месец(52-56) му висат, а ич не спаѓа во мало бебе. Не купувајте големи, бар неколку пара мали. Само 50ка бодито од Стружанка ни е таман.
Баш сега отворив да видам ама најдов и во Андреј компани и таму најубави ми се. Ми искочија други обврски, прва прилика одам да му земам, а и ова времето залади.
Каде да најдам бебешка постелнина, но чаршавчето одоздоле да е со ластиче?? Сите што ги гледав се обични
Од бубамара мк имам купено само чаршавче со ластиче, а пред некое време нарачав од Икеа. Комплет постелнина немам видено...
Посебно земи си чаршави со ластик. Инаку, во комплетот што го купив од Енци Менци имаше чаршав со ластик. Мислам дека оваа беше.
@Andrejaaaaaa Заборавив да напишам, во Бебе Хоум има со ластик, но еднобојни се, не се шарени. Види ги нивните постелнини, пиши им дали имаат комплети со таков чаршав.
Според мене ќе биде од корист, зашто ако ти е обично рамно коритото нема да ти биде ич удобно и ќе се лизга. Само пази каков материјал е, има едни сунгерести и од кога ќе го избањаш, ако користиш купка никако нема да можеш да ја измиеш подлогата од купката....
Оо да, на тоа не размислив, но добро што ме потсети. Го немам во живо ова видено, само сега на фб, но секако ќе одам да го видам пред да купам
Мајки каде можам да најдам држач за цуцла некои интересни со име да пишува плетени или гледам на avent со животни има најразлични но незнам дали ги има кај нас во мк
Случајно пред некој ден ми излезе странава на фб. Има ептен убави држачи за цуцли, веројатно по твоја желба ги прават. https://www.facebook.com/Baby-Accessories-101662648294545/