Каде да најдам убав бел фиокар со 3-4 фиоки, отприлика 1м×1м и со пристапна цена, не 10 000. Гледав во Чарли бејби, ама не знам дали ги продаваат одделно или само во сет со креветче и дали се ок?
Баш прееска пишаував со една страна на инстаграм, овој што го постирам 5500, медијапан. Само фиокар от без креветот. Страната се вика Charlie baby
Aaaa топ! Фала ти на инфо баш ме интересираше за овие и јас ги гледав. А знаеш колку е широк/висок/длабок?
https://jysk.mk/public/ck/prd/3612454/e03a66b6-00e9-11eb-bd14-02004c4f4f50 Јас го имам овој задоволна сум иако би сакала фиоките да беа малку подлабоки Еве нешто слично https://jysk.mk/public/ck/prd/3600873/e03a66b6-00e9-11eb-bd14-02004c4f4f50
Ние порачавме од продавница во бт за 3500 ден, исто медијапански. Ваков е тој ние што го порачавме, има опција горе наместо празен простор да има четврта фиока. По проценка на либе димензиите се 50х70х~90цм. Уште не е стигнат, инаку би ти испратила и слика да го видиш (сликава е од чарли бејби). Ако сакаш, ќе најдам име на продавницата, веројатно и онлајн продаваат.
Ова е нашиот фиокар,custom made,си го нарачавме по наше и си ја прилагодив висината според мене,не чинеше околу 3300,НО мајсторот е другар со мм и не ни наплати работна рака,инаку би било повеќе.
Јас не барав по продавниците за бебешка опрема, некако многу скапи ми се видоа. Си купив обичен фиокар, голем, со 5 фиоки за 6400 од Форма Нова. Начекав некој попуст. Мој совет ти е да си видиш во салониве за мебел или по нарачка некој да ти направи.
Женски, пак јас со прашањава, ама скроз сум не одлучна на толкав избор за се и сешто. Сега имам неколку 1. Најдов постелнина со чаршавче со ластик и во енци менци и во бебе супермаркет. Во бебе е малку поевтина, ама незначително, ме интересира некој ако има некоја од овие две да пише дали се ок 2. Од ранциве што ги постирав, едниот е од. Локо кроко другиот од инстаграм, ме интересира дали се исти или кој е поквалитетен, подобар?? 3. Препорака за добар блендер со пристапна цена
Па искрено да, мислам а и еве веќе гледам членки ти имаат постирано. Имам јас вакво нешто слично купено за нецели 4000 денари пред 3,4 години, затоа 5.500 ми се виде скапичко
Мајки од коллку месеци Јас го имам овој, само фиокарот, и ги извадив горните даски и си стсвив подлога за пресоблакање. Ако ти е за алишта ти е мало, ама ако го користиш за козметика, пелени и сл е топ. Мене ми е мах искористен
Фала ви девојки. Ќе ги разгледаме сите опции и ќе се одлучиме. Сакавме правен по мерки, ама ако најдеме некој што ни одговара би земале и готов.
Од Бебе Хоум имам 4 чаршави со ластик и задоволна сум. Прво зедов 2, па дозедов уште 2. Од Енци Менци имам еден што беше во комплет со постелнина, но не знам дали е ист со тие посебно што ги продаваат. Ако им се истите, не би зела пак таков.
Јас имам ваков ранец гледам се се исти, само сигурно материјалите се различни.. Јас го имам од Ваикики и материјалот е супер,ептен е цврст ранецот, другарка на Кикабу од л.кроко го има и тој е добар,а другиве нз...