Ситнуларки одбери му капче и лигавчиња такви за дотерување во ваикикито има модерни со некои патичиња онака за сликање. Ќебенце никогаш не е на одмет многу добив сите ги искористив. И играчки тоа најмалце им текнува на луѓе да носат
Лигавчиња зависи дали му ставаат, еве јас, на пример, никогаш не му ставам такви, не ми се допаѓа таа мода, леле колку не ги сакам @Mila_Skopje Може да прашаш прибор за јадење дали сакаат како тенџерчиња, чинивчиња има интересни со цртани ликови и сл. И да имаат од првото, ваљда ќе им се потребни други за второто.
Дали би можеле да ми препорачате вреќичка за спиење? Каква да биде со ракави без, од каде сте задоволни? И дали се продаваат мали величини? Ние сме месец ипол ама многу клоца и се отскрива цела.
Син ми имаше од тила и од вајкики.... Ама никогаш не успеавме да спие така. Ко порасна малку , му земав од вајкики имаше едни ко шпихозни се облекуваа, со ногавички . Во такво спиеше една зима само. Со среќа
Вреќите што се продаваат како 1-6 месеци, ќе бидат големи за толку мало бебе. Инаку, моето спие во вреќа откако заладе лани и еве уште така тера. Прво во тенка вреќа без ракави, па во дебелка вреќа со ракави, па најдолго спие во дебелка вреќа без ракави. Сè зависи на која температура спие, но од мое искуство, без ракави му е поубаво. Уште спие во зимска, но кога ќе затопли, ќе му ги ставам потенките. Спие во вреќи без ногавици, не сакам чорапи за спиење да му облекувам, вака му доаѓа како со јорганче да е покриен. Мислам да побараш по бројчиња, мојата за новороденче ја зедов во Анжи, имаа бр.56, но толку мал само го покривав и скоро ич не ја искористив, а многу беше убава памучна.
Јас имам ваква, преубава е, околу 1000 ден. беше од Ситник, не е ич дебела, мека и памучна, уште од сега си спие во неа.
Здраво, да прашам каде би можела да најдам пижамки како шплхозни со патент? Денес најдов во капитол во waikiki, ама немаше бројче за синко од 12-18м..:/ Супер би било негде online ако знаете да има да ми кажете
И јас го гледав да го земам мислам ќе си играат. Би го земала да може да си се исправува, да почне да стои...да знам дека е на безбедно дури сработувам низ дома...е сеа да не е смешки работа
@Milkiway @Mila_Skopje Ако имате можност, прво видете го во живо колку е стабилно и дали ќе е безбедно да се потпира на тоа за да се исправува. Ако не, игрална како преносно креветче е баш стабилна работа и брка ееептен работа за безбедно да е во него.