Имај во предвид дека бебе треба да е на цврста подлога кога ке почне да се исправа. Ако планираш да купиш специјално за играње, не фрлај пари. Купи си коцки меки за на под и играчки околу бебе. Бебе треба да лежи на целосно права подлога. Гледам си ја свиткала пелената како перниче, не треба да е подигнато воопшто.
Мајки, дајте ми предлог за убава вртелешка за креветче. По можност да не е пластична. Барем висечите играчиња да не се пластични. И да е со попристапна цена. Ја добив оваа на подарок Ама ем неубаво стои на креветчето, некако многу ниска ми се гледа, ем многу нестабилно ми изгледа, ми се чини во секој миг ќе се распадне пластиката и ќе му падне на бебе на главче.
https://www.encimenci.com.mk/muzichka-vrteleshka-3vo1-roze-4914-infantino-004914 Јас ваква земав ама ја немам монтирано на креветче. Е пластични се играчките. Ама мене ептен ми е убава. Има и други бои. Види и во бебе хоум и таму гледав имаше со плишани играчки.
Плишани ми фатија око во локо кроко 1440 ден. Ама не купив од таму. Најдов за 650 исто со плишани, во нама ги гледам истите 800-900. Ако ти одговараат цените тие на тајни лав во бебе хоум ми се најубави. Ем се е на 20% попуст до крај на месец.
Преубави ми се и мене, ама соленки се некако. Да не знае некој дали и како можат да се искористат поените? Имам 1000 поени скоро, платинум картичка за дополнителен попуст од 5%, можеби можам некоја комбинација да изведам.
Пред некое време разгледував дека поените може да се искористат при онлајн нарачка, внесуваш колку поени сакаш да искористиш. Не знам дали може тоа да се искомбинира со моменталните попусти. Најубаво јави се да прашаш како иде. За тие 5% од платинум како да читав дека може во комбинација со некој актуелен попуст, при што максимумот би бил 25% попуст.
Каде може да најдам летни капчиња? @IRBBB не знам дали купи вртелешка, јас имам слична како ти што си добила на поклон од енци менци. Кога беше мал не ја приметуваше, околу 3/4 месеци кога беше се загледуваше. Сега веќе не му е ич интересна, пред некој ден ќе ги откорнеше тие што висат. Ќе му ја кренам веќе. Мене ептен ми беше мерак да му ја земам ама реално и без неа ќе поминевме. Така да размисли си дали да купуваш дополнително. Плус тоа што играчките се пластични е олеснително зашто се собира прашнина и со крпа се бришат.
Искрено повеќе за филмот ми е да има некој украс, отколку за функција. Ама кога ги видов колку пари се (конректно во бебе хоум) нека стои таа што е дури да ми помини мерак и толку. Летни капчиња барај во Тила, имаше многу убави. Ако ти се чека, ѕирни на али.
Ајде сега уште едно прашање за поискусните мајки. Украсувањр за роденден, балони и такви работи од каде нарачувате? Сама не сакам да правам зошто тој ден сакам да се посветам на славење
Незнам колку ќе ти помогнам. Ама ужас! Не безбедна и не корисна. Детето ми падна на плочки затоа што се скинаа каишите за врзување. Не ја препорачувам.