последните неколку пати во ваикики што сум била ми биле баксузни, никако да потрефам да отидам кога ќе наредат нова роба.
Мислиш дека ке ти треба летна вреќа за спиење? Јас се породив на 30 јуни, минатата година. Спиеше само во боди со кратки ракавчиња. Ако случајно ја покриев со тетра пелена, клоцеше со ножињата се додека не се открие. Не знам колку ви е температурата дома, ама според мене летна вреќичка, е апсолутно непотребно.
Искрено одвај најдов во Капитол 3-6 бројче од хеланчињата. Можда пола саат роварев додека да ги трефнам.
@Pacient srna Се согласувам со @eta дека не ти треба вреќа за лето. Лани ова време се породив, ниту еднаш не спиеше во вреќа, сè до есен, таму октомври-ноември. Но ако сакаш, може да ги видиш во аптеката во Ремедика, имаат вреќи направени од тетра.
Abe i jas iskreno se mislam kolku ke treba ama si vikas neka ima edna doma moze ke se najde Ko babine sum stanala
Trifantino, детски облачиња на инста погледни ги. Преубави има. Јас си нарачав од трифантино чекам викендов да ми стигне
Баш сега отворив во Трифантино, преубави се навистина а што цена се таму? И јас сакам да си нараачам, баш разгледувам секаде
Здраво, да не знае некој каде има летни тенки вреќи за спиење? Во стружанка ми рекоа уште немаат летна колекција.
Женски дали во трифантино прават постелнина со димензии по нарачка? И како им се движат цените? Исто и за плетенките ме интересира, практични се? Ценовно како се? Им пишав пред некое време на фб на два пати, ама освен автоматската порака, друг одговор не добив.
Трифантино ми бараа 3000 само за оградици, од оние перничиња како животни, ЗОО оградици мислам ги викаа. Плетенката беше плус ама не ми текнува цена. Постелнина не влегуваше во цената од 3000. Плетенка уште немам земено ама планирам. Од Ситник ги гледав и убави се, 240цм 1200ден мислам беше, некако најисплатлива ми е таа.
Ако можеш да најдеш некој да ти сошие постелнина најисплатливо ќе ти биде. Ми искачаат нон стоп на фб спонзорирани страни со шаренки дезени, може не исти ама има слични како тие од трифантино и сличните, по 100-150 ден метар. Јас за почеток планирам само долен чаршав да земам, ама здравје понатака планирам да барам некој да ми сошие . Исто и во Ситник имам видено убав комплет за дечковци, постелнина со комплет јорган и перници - тема количиња .
Моментално имам две постелнини, овие ептен штосни ми се видоа, ама што е многу, многу е. Прва прилика штом дојдам во ск, ќе одам во тоа Ситник, и вреќички за спиење фалеа од таму. Фала ти.