Тешко е бројче да се најде. Инаку, ако ти се свиѓаат Ванс имаат 18ка, препреубаво стојат посебно олд скул. @Sofi.ja На пластичарска.
Јас такво слонче горе како на првата слика имам земено од Стружанка. Исто и со патче имам добиено, претпоставувам и тоа е од таму.
Вртелешки за кревет со цени до бар 1000 ден? А да се убави. Гледам се движат крш, енци менци по 2000-3000. И бејби фон, со камера исто така со понормални цени?
Разгледај во Charly baby, во Тетово се, имаат доста работи на чико со многу понормални цени од останатите продавници што сум гледала, предпоставувам и вртелешките и камерите им се со фини цени
Еднаш прашав за вреќичка за спиење за новороденче, од оние со лепенки што се за да не мрдаат со рачињата ми дадовте предлог од Ситник и си купив од таму. Супер е си спие во неа, ама се плашам дека му е многу дебелка, како дебел памук е. Кај можам да најдам потенка? Ако не го врзам со рачињата се плаши и почесто станува, вака врзан спие по 2-3 саати...
На фб гледав дека има убави тенки во Тила. Какви се, не знам, ама во план сум деновиве да одам да ги ѕирнам, и јас сакам да земам за беба. Ако не ги видиш во меѓувреме, ќе ти кажам.
Овие се убавки, ама малку кога ќе потпорасне, не знам отворот за главата дали е океј... А иначе јас мислев за оние како вреќичка, ќебенце за повивање, не знам како е името кај нас, англиски е swadde. Коа спие вака опуштен обавезно скока, се плаши и станува
Да ја ѕирнеш оваа? Јас ја зедов, вака е ептен мекана и убав памук, релативно тенка, ама не знам за споредба да ти кажам затоа што не ја имам видено таа од Ситник.
Слична е таа од Ситник на изглед, само на допир не знам какви би биле за споредба, ама ќе пратам некој од моиве до Wenice да ја ѕирне. Фала
јас импулсивно купив од вреќиве во тила дека се заљубив во дезенот и материјалот ми се виде доста тенок за топлово време и така возбудено си ја исправ и испеглав за на крај во пракса да ги забележам сите недостатоци. едвај се протнуваат рацете низ дупките дека крут е материјалот и нерастеглив, патентот не оди до крај долу па борба е дур ѝ ги пикнам нозете во вреќа и горе нема заштита (ја боде во врат).
@Dee*Tee извини мила, којзнае што прочитав сабајлечки. Пробај со обична пеленка. @rainbow_bb навистина? Ее каков филм ми беа, дезените преслатки. А и искрено мислев дека сѐ што е од Тила (кај нас произведено) е преквалитетно. Фала ти што ми кажа, бидејќи во план бев на поминување да купам, сигурно немаше да гледам во детали. Ситник на фб не се активни? Или јас грешка профил следам?
квалитетно е за квалитетно, ама изгледа ни они не размислувале за деталите. и јас кога купував не гледав тоа, на ум ми беше само да е тенко и стварно е. 100% памук вели маркицата, а мене повеќе како лен ми делува (ради нерастегливоста). ќе продолжам да ја користам за да ми се исплатат парите, но со малку подотворен патент.