Јас од Стружанка зедов тенка,пријатен материјал ептен,памукот е одличен а и моделот е практичен,нема кој знае што дезени,ама пак и не е толку важно тоа
Мајки која од вас за беба има летна вреќичка за спиење од Ситник? Конечно ми одговорија на фб, ќе порачувам на невидено, па ми треба совет околу бројот, а и мислење дали се добри.
Од каде ви е земена? Не пишува која продавница е или сум ќора. Ај смешно прашање. Овие животинкиве како се одржаваат чисти? Се вадат и перат или?
За животинките, да. Јас имам две вакви вртелешки, ги перам заедно со алиштенцата од бебе. На конецот му правиш чворче на задната страна од цветот, за да виси така, после само одврзуваш и во машина. Едит: имам една со хелоу кити, 650 ден во Лион Кинг во Бисер, другата е со верверички, 630 во Атлантик во Скопјанка. Се разликува само горниот дел кај механизмот на навртување, тој е ѕвезда. Во Лион Кинг имаше останато мечиња а во Атлантик имаше пингвини, мечиња, и уште нешто.
Од Андреј компани, во едно пакување има 10 парчиња, прелесна за монтирање и прекрасна е. На попуст беше околу 3100, јас зедов две за поголем простор. Малиот си игра со играчки, се држи на ограта и оди, безбеден ми е да го оставам во неа додека работам по дома, одлична е.
Во право е @Bicka77 запамтила Имам и многу мене ми се допага. Тогаш само ваков дезен имало а мм само кажал колку месеци има (3 ) и му ја дале. Вреќичките се нели од 0-6 мислам. Нема етикета со бројче на оваа. Инаку супер е и материјалот на едната слика божем од поблиску ти сликав колку толку да имаш впечаток. Се надевам помогнав
Фала ти преееемногу мама! Кажи ми само дали се доволно тенки за летово? Дома ни е релативно жешко, а синче почна да ми шетка низ креветче и затоа сакам вреќичка да земам.