Тенкички се да, но пак лесно треба да се облекува кога е жешко многу. Јас ќе си ја користам зошто потенка не ни најдов а мојата нема избор мора во вреќа зошто е мала а е битанга
Доволно би било боденце на кратки или без ракави и вреќичката? Зборувам за лето, прежешко. Ах, двете со битанги бебки сме.
Јас по мое мислам да таман ама сепак ти најубаво ќе се одлучиш. Нека се живи и здрави само па нека се битанги
Фала ти многу, одма ќе разгледам.. Баш барам некоја стабилнани безбедна ограда, од една страна малиот, од друга кучето
Каде да најдам памучен, бел со точки бебешки сет (не мора баш точки да се, туку да не е со многу шаренила и бои, да е едноставен)?
Постелнина или облека? Ако бараш постелнина, на фб и инстаграм Denicija.online store имаа постирано вчера постелнина комплет бела со црни точкички
Облека, немав пишано . Нешто во овој стил барам, комплет со капче, шпихозни и сл. ствари. Сите сетови што ги видов (за машко, за момиче има со розеви точкички ) ми се некако многу шарени и во боја, или ептен бејзик бели. Фала ти во секој случај .
Кај се наоѓа Анжи во Скопје? Ја барав според оваа локација на гугл мапс што е (на почеток од Партизанска) и не можев да ја најдам .
Има некој порачувано од babyshop.mk како сте задоволни, квалитет? Гледам на инста и имаат многу убави работи.
Јас имам нарачувано, задоволна сум од се. И од нивниот пристап, и брза испорака и од облеката. Се на се супер се