Да, така било сега видов. Купувам од таму на Тритекс, а не сум го заприметила називот на Асатекс, само црвените букви на Тритекс. @Oneo @IRBBB мислам дека баравте за производи на Силви Стајл ги има во оваа продавница. Му земав на малиот пижами по кратки и долги, предобри се.
Пред оброци да му воведам го утепав од користење како стерилизатор за глодалки шишиња цуцли... и он да има нозе ке си замине од кај нас најдобро нешто
Добра ли е оваа хранилка , нешто имаше пишувано низ темите , за делот измеѓу нозе , да не е фиксен или како беше @MilaSs12 Да не имаше нешто и ти пишувано , првпат ќе купувам да знам , оти гарант утка ќе направам
Јас имам Мони, ама истата е. Ист модел и во Локо кроко има, ама сега гледам 4000 е и таму. Кога купував јас беше 3000, ама ја немаа на лагер, а од енци менци на попуст ја зедов, 4000 плус ваучер за нешто, јас мобилен чико земав. Инаку супер е, делот кај грбот оди под сите агли, делот кај нозете се дига и спушта, таа пластика е супер за да не се лизга (поевтините имаат материјал како јаже и не е баш нај нај безбеден). Послужавникот не гледам дали се вади, ама ако се вади уште подобро. Се на се нема да погрешиш.
ее супер , оваа прва а видов гледам има и бои шари секакви , и до таа сума гледам да е . Оти може и поклон да е па неќам да претерам. За ќерка ми имав бустер или како и да се вика на стол што се закачува , ама кутрото веќе е фотелја за играчки И во Неготино има локо кроко баш ќе разгледам таму директно , секако близу ми е ..
За бои тие не разбираат, возрасните таа работа. Јас лично сакам неутрални бои, крем, кафено, жолто, или многу шарено, ама немаше.
И јас ја имам истата, супер е Фиксен дел има меѓу нозете инаку, ќерка ми од 6м до сега 2 и пол години е во неа нон стоп. Послужавникот се вади и се мие. Има 6 нивоа на висина, 3 нивоа на наслонот. Одлична е, вреди за сите пари. Дезени еден куп имаш во Baby Centar Kiki Struga.