Мајки молам за совет каде низ Скопје може да најдам убави поелегантни чевлички за машко бебе број 20/21??
На главната улица, спроти трафиката до киното. До Стопанска Банка. Пред самата продавница има киоск за семки.
И мојов ја гледаше по рекламите на тв.. Интересни играчки мм носи од Србија Dexy co.. Ако ја нема овде натаму сигурно ја има.. Кажи ако ја пронајдиш пред мене
@PUPICA и останати кои дискуиравте за продавниците како Анаконда и слични... Дали имате забележано можеби тапани таму? Или некој друг ако случајно знае каде можам да најдам, освен Џамбо. Таму бев.
Мислам дека имам видено и во Анаконда и во Галакси. Знам сигурно дека имаат неколку видови микрофони,синтисајзери,гитари...па гарант имаат и тапани. И двете се претрупани со играчки.
Каде можам да купам куќички за деца како оние за во двор што се пластични или гумени било какви што може да си седи внатре детето.Ми треба хитно уште по карго некаде да праќаат супер ќе е
Галакси има и во Маџари,ама не знам баш да ти објаснам каде,не го познавам тој дел од градот пролистај назад неколку страни,некој објаснуваше точно каде е...
Тапани имам видено во Baroko grub (имаат профил на фб), можеш и да се јавиш да прашаш дали имаат сеуште. Се наооѓа на пластичарската спроти Анаконда некаде, имаат убави играчки. Има и такви пластични куќички. Пластична куќа има и во Џамбо околу 6000 ден., а ако сакаш поефтина варијанта има и од тие како шатори околу 600 ден. мислам беа.
Види тука праќаат и по карго http://www.bubamaraigracki.mk/igrame-nadvor или тука https://www.facebook.com/igrackipanda/ исто праќаат по карго. Ако не најдеш нешто соодветно ти требаат две или четири столици и голем чаршав и правите шатор дома. Мене то ми е омилено од моето детство. ваквите шатори собираат и возрасни.