Незнаев кај да го поставам прашањево, па еве овде, за облекување од болница за период крај на јули или почеток на август, што би ми предложиле, патот од болница до дома не ме секира живеам на една мин со кола, ама ете поима немам што да купам
Јас во една продавница кога гледав бебешки комплети, продавачката ми рече најдобро на долги дур е така мало. Ама еве женкиве од искуство да кажат.
Јас планирам во ромпер или некое комплетче на кратки. Алишта со долги скоро и да не купувам за почеток. На плус 40 не планирам да го трупам со слоеви. Ако нешто евентуално му текне да врне тој период, па да паднат температурите, тогаш ќе бара маж нешто со долги .
Фала ви девојки @brm_brm , @Autumn Love , @mamaJana ќе му земам некое ромперче , за долги имам секако ако ете случајно е поладно ма да не верувам
Мами, каде да барам низ ск продавнива со стегачиња за глава за бебе? Праиме кршетвка за 4 дена, немам време да нарачувам онлајн
Види Ваикики знае да има. Во Бисер трговскиот скоро во сите продавници за детски работи има стегачи за глава. Во Канеј исто стално носат многу убави.
Мајки каде да најдам маичка со заштитен фактор ,ама да не е со волку вртоглава цена? (Ми треба бројче за 2г.)