И јас ја имав истата недоумица дур бев трудна, ама од пусти мерак си купив од трифантино, гнездо со плетенка која се вади и може да се користи посебно. Бебушка е 2ипол недели и еве до сега цело време си е во гнездото и ужива. Првата вечер ја ставив така во креветче, ама дали дека големо, широко креветчето некако нејкеше да спие така. Го стаив гнездото во креветчето и немаше гајле. И сега така си праиме, преку ден гнездото на гарнитура у дневна а навечер и го ставаме во креветчето. И убаво е пошо знаеш дека не може да се преврти. Оно додуша толку мало бебе секако не се ни врти ама сепак. Јас сум презадоволна од гнездото и ич не згрешив шо земав
@brm_brm и јас имам гнездо и го користиме за денски дремки во дневната. Си стои на тросед и тука си нанка беба. Додуша реално фаќа место, имај го тоа во предвид. И нашето е од трифантино со плетенки (се исправ в машина јас) што се вадат. Плетенката може да се искористи како оградица в креветче, а подлогата како подлога на земја понатаму. Барем јас така сум во план.
Мамички ај хелп. Нарачав ранец од mmshopmk на инстаграм, пошо ги фалеа тука доста. И ок све, брзо стигна АМА...место две каивчиња со кука ми стигна само едно (слика во прилог). И сега е проблем шо не можам да го закачам на количка. им пишав одма, и они као изненадени и демек одма ќе ви пратиме ново и на тоа остана, недела дена се натегаме денес ќе стигне утре ќе стигне и веќе почнаа и да ме игнорират. Прашањето ми е кај можам да најдам такво каивче со кука???
MKD 111.49 20%OFF | 2pcs/ Baby Hanger Baby Bag Stroller Hooks Pram Rotate 360 Degree Baby Car Seat Accessories Stroller Organizer https://a.aliexpress.com/_mNtRTfT @kostovaivana
Од апликацијата го копирав, може заради тоа. Еве слика побарај под Stroller accessories има вакви а верувам дека и други работи ќе ти фатат око за на количката Јас испорачав чаша, вакви закачалки, навлаки за тркалата и еден куп други глупости, не ми се сеуште стигнати.